BDV-IT1000

Моќен "сè-во-едно" Blu-ray Disc™ систем за домашно кино со елегантни звучници и одличен изглед, за врвно уживање во филмовите. Овој извонредно изработен систем нуди исклучителен HD звук благодарение на 32-битниот дигитален S-Master засилувач и Full HD слика за вистинско кино доживување

Направете повеќе со Blu-ray Disc™

Од S-AIR безжични задни звучници, до поставување на професионален звук со еден допир и DVD зголемување на резолуцијата сè до 1080p - серијата на BDV домашни кина ви овозможува да добиете многу повеќе од домашната забава од кога било досега.

 

Уживајте во повеќе содржини на интернет

Задлабочете се во врвното High Definition доживување со Blu-ray Disc™. Вградениот BD-Live (Profile 2.0) ви овозможува пристап до специфичните филмски содржини, вклучувајќи најави за филмови, интервјуа и други дополнителни материјали преку вашиот Blu-ray Disc™ плеер, со извонреден дигитален повеќеканален звук.

Уживајте во вашата DVD колекција со подобрен квалитет

Гледајте ја целата колекција од DVD дискови со стандардна дефиниција со подобрен HD квалитет. Системот за домашно кино ја зголемува резолуцијата на DVD дисковите сè до 1080p резолуција - така што филмовите кои со години не сте ги гледале ќе добијат нова енергија.

Едноставна, вградена контрола

BRAVIA Sync ќе ви овозможи да го контролирате Blu-ray Disc™ плеерот, користејќи го само далечинскиот управувач. Нашата уникатна технологија неверојатно го олеснува поврзувањето на вашиот плеер со Sony телевизор или систем за домашно кино; потоа опуштете се и гледајте филм со едноставно притиснување на копчето за репродукција на BRAVIA далечинскиот управувач.

Совршено поставување на звук со еден допир

Добијте поставување на звук со професионален квалитет за две минути со DCAC технологијата. Таа ја открива несовршената поставеност на звучниците во просторијата, а потоа на интелигентен начин ги прилагодува јачината, каснењето и фреквенцијата на звукот за секој звучник одделно, за добивање на опкружувачки звук со оптимални перформанси. Навистина едноставно!

Филмови кои изгледаат и звучат како што треба

Технологијата за виртуелен 7.1-канален опкружувачки звук ви овозможува да уживате во природниот HD звук без дополнителни звучници. А технологијата Digital Cinema Sound, развиена од Sony Pictures, ви нуди вистинско доживување како во кино преку создавање на истата опкружувачка сензација како во вистинско кино.

Повеќе информации за BDV-IT1000

Регистрирајте се за добивање на списание

Зачленете се тука за да ги дознаете последните новости

 
My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други Sony сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста