BDV-F500
Blu-ray 3D™ систем со проследување медија на интернет и USB
350W, Blu-ray 3D™ Ready, BRAVIA Internet Video, USB, спец.направен за iPod, S-Force вир.опкруж.звук
Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.
- Full HD 3D реалистично гледање со ажурирање на софтверот
- Стилска вертикална главна единица без задни звучници
- Проследувајте интернет содржини на вашиот телевизор
Направете повеќе со Blu-ray Disc™
Серијата на BDV домашни кина ви овозможува да добиете многу повеќе од домашната забава од кога било досега

Едноставна, вградена контрола
BRAVIA Sync ќе ви овозможи да го контролирате Blu-ray Disc™ плеерот, користејќи го само далечинскиот управувач. Нашата уникатна технологија неверојатно го олеснува поврзувањето на вашиот плеер со Sony телевизор или систем за домашно кино; потоа опуштете се и гледајте филм со едноставно притиснување на копчето за репродукција на BRAVIA далечинскиот управувач.

Неверојатен опкружувачки звук токму како што замислил режисерот
Dolby® True HD и DTS® Master аудио форматите се поддржани од страна на Blu-ray Disc™ технологијата, што овозможува пренос без загуби - задржувајќи го оригиналниот квалитет на звукот, со беспрекорна реалистичност во вашата соба. Едноставно, HD звукот на Blu-ray Disc™ ви нуди навистина моќно доживување при слушањето.

Опкружувачки звук со само два звучници
Дигиталната S-Force технологија овозможува креирање на виртуелен опкружувачки звук без потреба од задни звучници. На тој начин добивате 2.1-канален систем со огромно 5.1-канално доживување - и сето тоа со два компактни сателитски звучници, без разлика дали ќе бидат прикриени или поставени на видно место.

Уживајте во вашата DVD колекција со подобрен квалитет
Гледајте ја целата колекција од DVD дискови со стандардна дефиниција со подобрен HD квалитет. Системот за домашно кино ја зголемува резолуцијата на DVD дисковите сè до 1080p резолуција - така што филмовите кои со години не сте ги гледале ќе добијат нова енергија.

Најчист квалитет на звукот
S-Master дигиталниот засилувач се погрижува сигналот да остане чист сè до вашите уши. Тоа што го добивате е намалена потрошувачка на енергија и кристално чист звук кој е верен на оригиналниот извор и нема изобличување - без разлика дали користите CD, DVD или Blu-ray Disc™.




