BDV-E370
3D ready Blu-ray Disc™/DVD домашно кино со едноставна репродукција од iPod
850W, Full HD 3D со ажур.на софт., DVD згол.на рез., USB, BRAVIA Internet Video, сателитски звучници
Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.
- Гледајте филмови во 3D за неверојатно, реалистично гледање
- Проследувајте музика и видео директно од интернет
- USB за пристап до голем избор на лични содржини
Направете повеќе со Blu-ray Disc™
Од S-AIR безжични задни звучници до поставување на професионален звук со еден допир - серијата на BDV домашни кина ви овозможува да добиете многу повеќе од домашната забава од кога било досега

Уживајте во повеќе содржини на интернет
Задлабочете се во врвното High Definition доживување со Blu-ray Disc™. Вградениот BD-Live (Profile 2.0) ви овозможува пристап до специфичните филмски содржини, вклучувајќи најави за филмови, интервјуа и други дополнителни материјали преку вашиот Blu-ray Disc™ плеер, со извонреден дигитален повеќеканален звук.

Помалку кабли, помалку неред, пофлексибилен распоред
Задни звучници со можност за безжичен пренос - дополнителна опција ако сакате да ги избегнете каблите во собата S-AIR технологијата пренесува висококвалитетен звук од главниот систем до безжичните задни звучници за едноставно решение со опкружувачки звук без користење на кабли и без неред во дневната соба.

Едноставна, вградена контрола
BRAVIA Sync ќе ви овозможи да го контролирате Blu-ray Disc™ плеерот, користејќи го само далечинскиот управувач. Нашата уникатна технологија неверојатно го олеснува поврзувањето на вашиот плеер со Sony телевизор или систем за домашно кино; потоа опуштете се и гледајте филм со едноставно притиснување на копчето за репродукција на BRAVIA далечинскиот управувач.

Неверојатен опкружувачки звук токму како што замислил режисерот
Dolby® True HD и DTS® Master аудио форматите се поддржани од страна на Blu-ray Disc™ технологијата, што овозможува пренос без загуби - задржувајќи го оригиналниот квалитет на звукот, со беспрекорна реалистичност во вашата соба. Едноставно, HD звукот на Blu-ray Disc™ ви нуди навистина моќно доживување при слушањето.

Филмови кои изгледаат и звучат како што треба
Технологијата за виртуелен 7.1-канален опкружувачки звук ви овозможува да уживате во природниот HD звук без дополнителни звучници. А технологијата Digital Cinema Sound, развиена од Sony Pictures, ви нуди вистинско доживување како во кино преку создавање на истата опкружувачка сензација како во вистинско кино.




