BDV-E300
Домашно кино со извонредна HD со Blu-ray Disc™ и DVD плеер
5.1-кан. систем за домашно кино со Blu-ray Disc™, DVD и 4 сателитски звучници
- Едноставно автоматско поставување со едно притискање
- Доживејте HD аудио звук без дополнителни звучници
- Опција за безжичен заден звучник
Направете повеќе со Blu-ray Disc™
Од S-AIR безжични задни звучници, до поставување на професионален звук со еден допир и DVD зголемување на резолуцијата сè до 1080p - серијата на BDV домашни кина ви овозможува да добиете многу повеќе од домашната забава од кога било досега

Уживајте во повеќе содржини на интернет
Задлабочете се во врвното High Definition доживување со Blu-ray Disc™. Вградениот BD-Live (Profile 2.0) ви овозможува пристап до специфичните филмски содржини, вклучувајќи најави за филмови, интервјуа и други дополнителни материјали преку вашиот Blu-ray Disc™ плеер, со извонреден дигитален повеќеканален звук.

Едноставна, вградена контрола
BRAVIA Sync ќе ви овозможи да го контролирате Blu-ray Disc™ плеерот, користејќи го само далечинскиот управувач. Нашата уникатна технологија неверојатно го олеснува поврзувањето на вашиот плеер со Sony телевизор или систем за домашно кино; потоа опуштете се и гледајте филм со едноставно притиснување на копчето за репродукција на BRAVIA далечинскиот управувач.

Совршено поставување на звук со еден допир
Добијте поставување на звук со професионален квалитет за две минути со DCAC технологијата. Таа ја открива несовршената поставеност на звучниците во просторијата, а потоа на интелигентен начин ги прилагодува јачината, каснењето и фреквенцијата на звукот за секој звучник одделно, за добивање на опкружувачки звук со оптимални перформанси. Навистина едноставно!

Неверојатен опкружувачки звук токму како што замислил режисерот
Dolby® True HD и DTS® Master аудио форматите се поддржани од страна на Blu-ray Disc™ технологијата, што овозможува пренос без загуби - задржувајќи го оригиналниот квалитет на звукот, со беспрекорна реалистичност во вашата соба. Едноставно, HD звукот на Blu-ray Disc™ ви нуди навистина моќно доживување при слушањето.

Филмови кои изгледаат и звучат како што треба
Технологијата за виртуелен 7.1-канален опкружувачки звук ви овозможува да уживате во природниот HD звук без дополнителни звучници. А технологијата Digital Cinema Sound, развиена од Sony Pictures, ви нуди вистинско доживување како во кино преку создавање на истата опкружувачка сензација како во вистинско кино.




