LA-EA2

Уживајте во автоматски фокус со одличен одзив со објективите со A приклучок (DSLR и SLT)

Адаптер за системот на компактни фото апарати (NEX); AF компатибилност со објективите со A приклучок (DSLR и SLT)

  • Користете ги објективите со A-приклучок со телото од вашиот α NEX фото апарат
  • Континуиран AF кај фотографии или видео снимки
  • Компатибилност со повеќето објективи со A-приклучок (DSLR и SLT)

AF со брз одзив со помош на вашите објективи со A-приклучок

Отсега ќе можете да извлечете максимум од вашата колекција на објективи со A-приклучок (DSLR и SLT). Одликувајќи се со Translucent Mirror Technology™, овој адаптер за монтирање нуди поддршка за континуиран автоматски фокус со откривање на фаза кога користите објектив со A-приклучок прикачен на компактниот систем на фото апарати (NEX).

 

Континуиран автоматски фокус

Снимајте ги објектите со остар фокус, дури и кога се во движење. Сега може да се концентрирате на вашата композиција и да не се грижите за фокусот кога фотографирате со вашиот систем на компактни фото апарати (NEX) со прикачен објектив со A-приклучок (DSLR и SLT).

Одговара на повеќето објективи со A-приклучок

Отсега може да уживате во AF компатибилност кога го користите вашиот фото апарат со E-приклучок со голем избор на оптички уреди со A-приклучок (DSLR и SLT) од Sony и Carl Zeiss. Забелешка: не важи за STF и телеконвертори.

Одлични резултати за видео снимки или фотографии

Добијте ги истите перформанси од остриот автоматски фокус со брз одзив со вашата колекција на објективи со A-приклучок, без разлика дали снимате HD видео снимки или фотографии.

Повеќе информации за LA-EA2

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста