Модел: 

DSLR-A550

A550 Дигитален SLR фото апарат

Неверојатен квалитет и креативни функции со исклучително брз одзив

14.2 милиони точки Exmor™ CMOS, Quick AF Live View, 3" Xtra Fine LCD, SteadyShot INSIDE. Само тело.

  • Слики со исклучително висока резолуција и низок шум
  • Снимање со прегледување во живо со одличен одзив од кој било агол
  • Неверојатно брзо континуирано снимање
  • Извонредно брз и прецизен автоматски фокус

ОсобиниDSLR-A550

  • Exmor™ CMOS сензор со 14.2 ефективни милиони точки, со BIONZ процесор за извонредни слики со висока резолуција, намален шум и подобрена брзина на снимање
  • Напреден Quick AF Live View со AF со фазна детекција за слобода при фотографирањето и брзо и прецизно автоматско фокусирање, дури и кај подвижните објекти
  • Функцијата за откривање на лице ги подобрува Quick AF Live View перформансите, откривајќи до 8 ликови во сцената со оптимизација на експозицијата, балансот на белата боја, блицот и другите параметри за добивање на природен тон на кожата
  • Бленда со функција за насмевки, за автоматско активирање кога некое лице ќе се насмевне: со можност за прилагодување на прагот на насмевка и прикажување на нивото на насмевка на екранот
  • Брзо континуирано фотографирање со 5fps (визир) / 4fps (прегледување во живо): плус до 7fps во режим на приоритет на брзина за снимање на динамичните сцени
  • 3.0-инчен Xtra Fine LCD екран со резолуција од 921k точки и агол на завртување од 90º, со нов графички приказ и автоматско прилагодување на осветленоста за едноставно и интуитивно прегледување во живо во секаква позиција
  • Рачна проверка на фокусот (во режим на прегледување во живо) за прецизно и практично прилагодување на фокусот и композицијата
  • Осветлен оптички визир со 95% покриеност на полето за јасно и комфорно обликување на кадарот
  • Внатрешна SteadyShot оптичка стабилизација на сликата која нуди перформанси против потреси од 2.5-4.0 чекори со објективите со α-приклучок или Konica Minolta објективи со α-приклучок
  • Новиот HDR автоматски режим креира слика со екстремно висок динамички опсег преку автоматско спојување на две експозиции за снимање на светлите и деталите во сенка
  • Многу висока чувствителност до ISO 12800, за двојно намалување на шумот за природни снимки со одлична резолуција и прекрасни бои, дури и при слаба осветленост
  • Оптимизаторот на D опсег врши анализа на сликата во реално време, прилагодувајќи ги осветленоста и контрастот за добивање на одлична експозиција при задното осветлување: со избор на автоматски или режим со корисничко прилагодување
  • Избор од 6 креативни стилови за разноврсна завршна обработка на сликата во секоја ситуација за снимање - можно е прилагодување за уште поголема контрола
  • Копчето за интелигентен телеконвертор ви нуди моментално зголемување од 1.4x или 2x за приближување на оддалечените објекти
  • Моќната батерија со висок капацитет овозможува до 950 снимки помеѓу полнењата при користење на оптичкиот визир (според CIPA мерењата)
  • Двојниот систем против прав го намалува наталожувањето прав врз сензорот при менувањето на објективите
  • HDMI™ излез за прикажување на HD телевизор (потребен е дополнителен кабел). PhotoTV HD за подобрен приказ на фотографии на компатибилен BRAVIA телевизор
  • BRAVIA Sync за контрола на функциите за репродукција на фото апаратот преку далечинскиот управувач од BRAVIA телевизорот.
  • Се испорачува со Image Data Converter SR и Image Data Lightbox SR PC софтвер: исто така е вклучен и Picture Motion Browser софтвер за забавно и едноставно организирање на збирката слики и споделување преку интернет

Ве молиме имајте во предвид дека нашата галантерија е специфична за секој модел и спецификациите може да бидат различни во зависност од земјата.

Повеќе информации за DSLR-A550

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други Sony сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста