Модел: 

DSLR-A550

A550 Дигитален SLR фото апарат

Неверојатен квалитет и креативни функции со исклучително брз одзив

14.2 милиони точки Exmor™ CMOS, Quick AF Live View, 3" Xtra Fine LCD, SteadyShot INSIDE. Само тело.

  • Слики со исклучително висока резолуција и низок шум
  • Снимање со прегледување во живо со одличен одзив од кој било агол
  • Неверојатно брзо континуирано снимање
  • Извонредно брз и прецизен автоматски фокус

Врвен квалитет на слика и снимање со исклучително брз одзив

Уживајте во слободата на Quick AF Live View снимањето со исклучително брз одзив, моќни креативни опции и екстремно квалитетна слика со низок шум

 

Сè е во деталите

CMOS сензорот со висока резолуција нуди слики со врвни детали, одличен контраст и прекрасни бои. Exmor технологијата го намалува шумот кој настанува при конвертирањето на сигналите во дигитална форма. Резултат? Квалитетни и преубави слики.

Неверојатен одзив при снимањето

*Доловете ги сцените со брзи движења или менувањето на изразот на лицата со помош на континуирана група снимки. Режимот на приоритет на бленда овозможува извонредно брзо снимање со 7 слики во секунда.

Погледнете одблиску: вие досега не сте виделе сличен екран

Не пропуштајте ги деталите. Xtra Fine LCD екранот нуди неверојатен преглед на вашите снимки, со извонредна репродукција на боите и врвен контраст. Екранот е идеален за проверка на фокусот и експозицијата при прегледување на направените снимки.

Прекрасни снимки од секаков агол

LCD екранот може да се заврти нагоре или надолу за комфорен преглед при фотографирање во различни позиции. Ова е особено корисно ако не го држите фото апаратот блиску до вашето око: на пример кога снимате одгоре кога сте во публика или кога клекнувате за да добиете интересен поглед.

Дознајте повеќе за LCD екранот со завртување

Повеќе информации за DSLR-A550

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други Sony сајтови

© 2010 Sony Central and Southeast Europe Kft.   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста