- НА ПОЧЕТОК
- > Сите Sony производи
- > Фото апарати и видео камери
- > DSLR & SLT Cameras
- > Средни познавања
- > Тело
- > DSLR-A500
DSLR-A500
A500 Дигитален SLR фото апарат
Одличен квалитет на сликата и креативни функции со извонредно брз одзив
12.3 милиони точки Exmor™ CMOS, Quick AF Live View, 3" LCD, 5fps, SteadyShot INSIDE. Само тело.
- Слики со врвни детали и низок шум
- Снимање со прегледување во живо со одличен одзив од кој било агол
- Извонредно брз и прецизен автоматски фокус
- Одлични портрети со функцијата за откривање на лице
Врвен квалитет на сликата со извонредно брз одзив
Уживајте во слободата на Quick AF Live View снимањето со извонредно брз одзив, моќни креативни опции и висококвалитетна слика со низок шум

Сè е во деталите
CMOS сензорот со висока резолуција нуди слики со врвни детали, одличен контраст и прекрасни бои. Exmor технологијата го намалува шумот кој настанува при конвертирањето на сигналите во дигитална форма. Резултат? Квалитетни и преубави слики.

За подобар поглед на големата слика
Поврзете го вашиот α фото апарат на кој било HD Ready телевизор и уживајте во големиот и прекрасен приказ на вашите фотографии. Доколку вашиот BRAVIA телевизор поддржува PhotoTV HD, вие ќе добиете уште поживописна HD слика, со врвни детали и прекрасни бои.

Контрола на содржините и врвен комфор
Поврзете го фото апаратот на вашиот BRAVIA телевизор - потоа едноставно контролирајте ги функциите за репродукција преку далечинскиот управувач од BRAVIA телевизорот. Така веќе нема да има потреба да станувате од вашето место додека уживате во прекрасните HD содржини.

Прекрасни снимки од секаков агол
LCD екранот може да се заврти нагоре или надолу за комфорен преглед при фотографирање во различни позиции. Ова е особено корисно ако не го држите фото апаратот блиску до вашето око: на пример кога снимате одгоре кога сте во публика или кога клекнувате за да добиете интересен поглед.
Известувања и оградување од одговорност
Потребен е компатибилен кабел со HDMI™ приклучок




