SLT-A65VY
A65 Фото апарат со провидно огледало и заменливи објективи
Не пропуштајте го моментот со врвен квалитет на слика и извонредно брз одзив
24,3 милиони точки Exmor™ APS HD CMOS, Full HD AVCHD, 10fps, 7,5cm LCD. Со објективи од 18-55mm и 55-200mm.
- Многу висока резолуција од 24,3 ефективни милиони точки
- Брзо континуирано фотографирање до 10fps
- Full HD видео со брз автоматски фокус со следење на објектот
Изграден за добивање на сериозни снимки
Истражете еден нов свет на уметнички можности. Отсега ќе можете да креирате и контролирате фотографии и Full HD видео записи со исклучително висок квалитет, со извонредно брз одзив при снимањето и разновидни практични креативни функции.

Сè е во деталите
CMOS сензорот со 24,3 милиони точки нуди слики со врвни детали, одличен контраст и прекрасни бои. Exmor технологијата го намалува шумот кој настанува при конвертирањето на сигналите во дигитална форма. Каков е резултатот? Квалитетни и преубави слики.

Континуирано фотографирање со професионален стил
Доловете ги и најкратките случувања со континуирана група на слики со максимална резолуција и брзина до 10 слики во секунда. Од динамичен спорт до изрази на лица кои траат само еден момент при снимање портрети - ова е одличен начин за доловување на пресудните моменти.

Откријте го уметникот во вас
Создадете палета на уметнички стилови, без потреба од PC. Ефектите на слика нудат богат избор на опции во кои спаѓаат намалување на тонови, делумни бои, ретро, осветлени тонови, монохроматски и фото апарат - играчка. Прегледувајте ги резултатите во режим на прегледување во живо додека снимате фотографии или видео снимки.

Неверојатни HD филмови
Снимајте рамномерни, детални Full HD видео снимки со автоматскиот фокус со прецизно откривање на фаза за подвижни објекти. Направете прекрасни дефокусирачки ефекти во позадина и уживајте во целосна рачна контрола на фокусот и режимите на експозиција. Создадете кино атмосфера со прогресивното фотографирање.

Прекрасни снимки од секаков агол
LCD екранот може да се заврти нагоре или надолу за комфорен преглед при фотографирање во различни позиции. Ова е корисно ако не го држите фото апаратот блиску до вашето око: на пример кога фотографирате одгоре кога сте во публика или кога клекнувате за да добиете интересен поглед.




