Модел: 

SLT-A77VQ

A77 Фото апарат со провидно огледало и заменливи објективи

Изработен за да ги задоволи креативните барања на сериозните фото ентузијасти

24,3 милиони точки Exmor™ APS HD CMOS, Full HD AVCHD, 25/50p, 12fps, 7,5cm LCD со 3 начини, GPS. Со објектив од 16-50mm.

  • Многу висока резолуција од 24,3 ефективни милиони точки
  • Извонредно брзо континуирано фотографирање до 12fps
  • AF систем со 19 точки со високи перформанси и врвен одзив

Награди и написи

Прегледај сè

Изграден за добивање на сериозни снимки

Исчекор кон нови нивоа на квалитет на слика, перформанси и ракување за да се задоволат барањата на сериозните фото ентузијасти. Снимајте прекрасни слики и Full HD видео содржини, со одзив кој е водечки во класата и огромна креативна контрола.

 

Сè е во деталите

CMOS сензорот со 24,3 милиони точки нуди слики со врвни детали, одличен контраст и прекрасни бои. Exmor технологијата го намалува шумот кој настанува при конвертирањето на сигналите во дигитална форма. Каков е резултатот? Квалитетни и преубави слики.

Најбрзо континуирано фотографирање во светот

Доловете ги и најкратките случувања со континуирана група на слики со максимална резолуција и брзина до 12 слики во секунда. Тоа се најбрзи перформанси за фотографирање во групата на APS-C дигитални фото апарати со заменливи објективи наменети за широка потрошувачка (август 2011 година).

Целосна контрола врз вашата слика

Правете прекрасни слики со поголема одлучност, со пристап до поважни функции и прилагодливи копчиња на дофат на вашите прсти. Вртливите копчиња од предната и задната страна ги олеснуваат брзите прилагодувања. Тука е и вториот екран на кој можете да ги потврдите останатите подесувања и експозицијата.

Неверојатни HD филмови

Снимајте рамномерни, детални Full HD видео снимки со автоматскиот фокус со прецизно откривање на фаза за подвижни објекти. Направете прекрасни дефокусирачки ефекти во позадина и уживајте во целосна рачна контрола на фокусот и режимите на експозиција. Создадете кино атмосфера со прогресивното фотографирање.

Цврсти, издржливи перформанси

Справете се со сложените задачи на едноставен начин. Куќиштето од магнезиумска легура нуди комбинација од цврстина и мала тежина, додека изолацијата околу поважните копчиња и вртливите копчиња овозможува заштита од прав и влага. Новосоздадената бленда е тестирана до прибл. 150.000 активирања.

Повеќе информации за SLT-A77VQ

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста