SLT-A35K
A35 Фото апарат со провидно огледало и заменливи објективи
Фотографирање со голема брзина и Full HD видео: со објективи за зумирање за општа намена
Комплет со објективи за зумирање: 16,2 милиони точки, прегледување во живо, Full HD AVCHD видео, 5,5fps, LCD екран од 7,5см, 3D режим на панорама
- Фотографирајте со брзина до 5,5fps или 7fps во режим со теле зум
- Full HD видео со брз и прецизен автоматски фокус
- Вклучува објектив за зумирање од 18-55мм за општа намена
Извонредно брз одзив при снимање
Не пропуштајте ниту еден момент, без разлика колку кратко трае. Запознајте го возбудливиот свет на брз одзив при снимање и рамномерен, прецизен автоматски фокус со следење - дури и кај подвижни објекти. Снимете прекрасни видео снимки со Full HD. Сето ова е сместено во компактен фото апарат кој е лесен за носење.

Сè е во деталите
CMOS сензорот со висока резолуција нуди слики со врвни детали, одличен контраст и прекрасни бои. Exmor технологијата го намалува шумот кој настанува при конвертирањето на сигналите во дигитална форма. Резултат? Квалитетни и преубави слики.

Неверојатен одзив при снимањето
Доловете ги сцените со брзи движења или менувањето на изразот на лицата со помош на континуирана група снимки. Снимајте со брзина до 5,5 слики во секунда или со неверојатни 7fps во новиот режим со теле зум.

Откријте го уметникот во вас
Создадете палета на уметнички стилови, без потреба од PC. Ефектите на слики нудат богат избор на опции во кои спаѓаат намалување на тонови, делумни бои, ретро, осветлени тонови, монохроматски и фото апарат - играчка. Прегледувајте ги резултатите во режим на прегледување во живо додека снимате фотографии или видео снимки.

Неверојатни HD филмови
Снимајте рамномерни и детални Full HD видео снимки со брзиот автоматски фокус кој го следи дејството - дури и кога зумирате. Прекрасните дефокусирачки ефекти во позадина додаваат дополнителна димензија во креативното снимање на филмови.

Заштита од тресењето на фото апаратот
Задржете ја острината и рамномерноста на снимките. SteadyShot го намалува тресењето на апаратот при рачното фотографирање. Ова е одлично за сцените со недоволна осветленост без блиц како и за снимките со големо зумирање кога со вас не носите статив. Исто така, можно е користење и со вашата збирка на α објективи.
Известувања и оградување од одговорност
Степенот на корекција на тресењето ќе зависи од поставените параметри на апаратот, објективите и од условите за фотографирање.




