Модел: 

DSLR-A900

A900 Дигитален SLR фото апарат

Целосна слика со неверојатен квалитет, извонреден одзив и професионално ракување

24.6 милиони точки со целосна слика, 3" Xtra Fine LCD, 5fps, HDMI™ и SteadyShot INSIDE. Само тело.

  • Неверојатен квалитет на сликата со формат на целосна рамка
  • Извонредно осветлен оптички визи со 100% покриеност на полето
  • Исклучително брз одзив при снимањето
  • Професионални особини и ракување

Награди и написи

Прочитајте повеќе

Врвен избор кога квалитетот ви е важен

A900 отвора нови креативни хоризонти со својот одличен квалитет на снимките со целосна слика. DSLR апаратот со целосна слика со највисока резолуција од 24.6 милиони точки нуди комбинација на извонредно осветлен оптички визир и професионални карактеристики за врвна контрола.

 

Заштита од тресењето на фото апаратот

Задржете ја острината и рамномерноста на снимките. SteadyShot го намалува тресењето на апаратот при рачното фотографирање. Ова е одлично за сцените со недоволна осветленост без блиц како и за снимките со големо зумирање кога со вас не носите статив. Исто така, можно е користење и со вашата збирка на α објективи.

Прекрасни слики, извонредно брз одзив

BIONZ процесорот кој се наоѓа во внатрешноста на вашиот α фото апарат е најзаслужен за неверојатно брзиот одзив. Овој моќен процесор обработува големо количество дигитални информации од сензорот на фото апаратот, генерирајќи преубава слика со многу мал шум.

Сè е во деталите

CMOS сензорот со висока резолуција нуди слики со врвни детали, одличен контраст и прекрасни бои. Exmor технологијата го намалува шумот кој настанува при конвертирањето на сигналите во дигитална форма. Резултат? Квалитетни и преубави слики.

Погледнете одблиску: вие досега не сте виделе сличен екран

Не пропуштајте ги деталите. Xtra Fine LCD екранот нуди неверојатен преглед на вашите снимки, со извонредна репродукција на боите и врвен контраст. Екранот е идеален за проверка на фокусот и експозицијата при прегледување на направените снимки.

Уживајте во посветлата слика

Погледнете низ осветлениот оптички визир. Ќе бидете изненадени од исклучително јасниот поглед на вашиот објект, со покриеност на полето од 100%… така што вие ќе го снимите токму тоа што го гледате.

Известувања и оградување од одговорност

Степенот на корекција на тресењето ќе зависи од поставените параметри на апаратот, објективите и од условите за фотографирање.

Повеќе информации за DSLR-A900

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други Sony сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста