DSLR-A850Q
A850 Дигитален SLR фото апарат
Целосна слика со неверојатен квалитет, напредни функции и професионално ракување
24.6 мил. точки со целосна слика, 3" Xtra Fine LCD, 3fps, HDMI, SteadyShot INSIDE. Со 28-75мм F2.8.
Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.
- Неверојатен квалитет на сликата со формат на целосна рамка
- Извонредно осветлен оптички визир
- Прецизен AF со одличен одзив
- Професионални особини и ракување
Целосна слика со врвен квалитет и професионални функции
Направете исчекор кон дигиталното снимање со целосна слика со врвни перформанси, професионално ракување и напредни но практични креативни функции

Сè е во деталите
CMOS сензорот со висока резолуција нуди слики со врвни детали, одличен контраст и прекрасни бои. Exmor технологијата го намалува шумот кој настанува при конвертирањето на сигналите во дигитална форма. Резултат? Квалитетни и преубави слики.

Погледнете одблиску: вие досега не сте виделе сличен екран
Не пропуштајте ги деталите. Xtra Fine LCD екранот нуди неверојатен преглед на вашите снимки, со извонредна репродукција на боите и врвен контраст. Екранот е идеален за проверка на фокусот и експозицијата при прегледување на направените снимки.

Уживајте во посветлата слика
Погледнете низ осветлениот оптички визир. Ќе бидете изненадени од исклучително јасниот поглед на вашиот објект, со покриеност на полето од 98%… така што вие ќе го снимите токму тоа што го гледате.

Контрола на содржините и врвен комфор
Поврзете го фото апаратот на вашиот BRAVIA телевизор - потоа едноставно контролирајте ги функциите за репродукција преку далечинскиот управувач од BRAVIA телевизорот. Така веќе нема да има потреба да станувате од вашето место додека уживате во прекрасните HD содржини.

Издржливост… без оглед на временските услови
Најважна е "внатрешната цврстина". Неверојатно издржливото куќиште е комбинирано со делови од легура на магнезиум за добивање на поголема цврстина но и помала тежина. Контролните копчиња и другите чувствителни делови се заштитени од прав и влага за безгрижно користење во надворешни услови.
Известувања и оградување од одговорност
Контролните копчиња не се водоотпорни




