Модел: 

DSC-WX5

WX5 Дигитален компактен фото апарат

Компактен и со многу функции за неверојатни фотографии, видео и 3D

12.2 мил.точки, Exmor R™ CMOS сензор, f/2,4 G објектив со 5x зум/24мм широк агол, Full HD видео и 3D

  • Квалитет на слика со DSLR изглед и едноставно користење
  • Направете неверојатни 3D панорами
  • Снимајте 1080i Full HD видео снимки

Квалитет со DSLR изглед и едноставно користење

Сега веќе нема причини да правите компромиси. Уживајте во фотографирање со високи перформанси, како и снимање на Full HD видео и 3D со стилски и компактен фото апарат кој го прави квалитетот на слика со DSLR изглед лесно достапен.

 

Додадете нова димензија со 3D

Откријте го новиот неверојатен свет на 3D фотографирањето, овозможен од Sony. Режимот на панорама сега ви овозможува снимање на неверојатни 3D слики кои може да ги гледате на 3D телевизор. Движењето во повеќе агли создава неверојатни 3D ефекти кои може да ги гледате во 2D со едноставно закосување на екранот на фото апаратот од една кон друга страна.

Квалитет на слика со DSLR изглед

Сега може да уживате во квалитет на слика со DSLR стил, без големината и тежината на DSLR фото апарат. Новиот врвен автоматски режим интелигентно комбинира до 6 слики за добивање извонредни резултати со мал шум и висок динамичен опсег. Можете да создадете и прекрасни портрети со рамномерно дефокусирана позадина - исто како професионалните фотографи.

Волшебни филмови

Ја заборавивте видео камерата? Еден допир е сè што е потребно за да почнете со снимање извонредно остри и детални HD 1080i видео записи со вашиот Cyber-shot™ фото апарат. Квалитетот на сликата е извонредно јасен и рамномерен, додека ефикасната AVCHD видео компресија ги одржува фајловите помали за складирање и споделување на вашиот PC.

Посветли, подобри слики

Колку повеќе светлина пропушти објективот во фото апаратот, толку подобро. G објективот со врвен квалитет нуди неверојатно широка f/2,4 максимална решетка. Овозможувајќи паѓање на повеќе светлина врз сензорот на фото апаратот, тој ви нуди рачно снимање при самрак или во недоволно осветлени затворени простории без потреба од блиц. Исто така, неговата широка решетка е идеална за создавање прекрасни портрети со мала длабочина на поле.

Врвни снимки, дури и при слаба светлина

Многу фото апарати имаат потешкотии да генерираат остри и јасни снимки при слаба осветленост. Револуционерниот Exmor R™ CMOS сензор ја зголемува чувствителноста и го намалува шумот на слика, овозможувајќи добивање на извонредни снимки со врвни детали.

Повеќе информации за DSC-WX5

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други Sony сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста