DSC-WX1
WX1 Дигитален компактен фото апарат
Врвна обработка на слика со режим на панорама и напредни функции за снимање
10.2 милиони точки, Exmor R™ CMOS сензор, f/2.4 'G објектив' со 5x зум/широк агол од 24мм и HD видео
Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.
- Снимање со екстремно висок квалитет при слаба осветленост
- Опремен со напредни функции за обработка на слика
- Креирајте неверојатни панорамски слики
Неверојатен квалитет на сликата и напредни функции
Стилски фото апарат со високи перформанси и напредни функции за снимање. Уживајте во исклучителниот квалитет на сликата, разноврсните креативни можности и стилскиот изглед.
Почувствувајте ја целата слика
Отсега лесно ќе можете да снимате неверојатни широки фотографии на пејзажите или на видиците на градовите. Режимот на панорама нуди брзо снимање на група фотографии додека го движите апаратот од едната кон другата страна (или нагоре-надолу!). Сликите автоматски се спојуваат од страна на апаратот со што се добива една прекрасна панорамска снимка.

Врвни снимки, дури и при слаба светлина
Многу фото апарати имаат потешкотии да генерираат остри и јасни снимки при слаба осветленост. Револуционерниот Exmor R™ CMOS сензор ја зголемува чувствителноста и го намалува шумот на слика, овозможувајќи добивање на извонредни снимки со врвни детали.

Вашиот личен фотограф
Опционалниот IPT-DS1 Party-shot™ уред ќе го претвори вашиот Cyber-shot апарат во ваш личен фотограф, вршејќи автоматско снимање на прекрасно обликувани фотографии на сите присутни во просторијата - вклучувајќи ве и вас.

Внесете повеќе содржини во секоја сцена
Преубавите пејзажи, архитектонските снимки, ентериерите, па дури и семејните снимки можат да бидат неуспешни доколку рабовите на сцената се отсечени. Широкоаголниот објектив ќе ви овозможи повеќе да се внесете во снимката без потреба од оддалечување од објектот.

Фото апарат кој би сакал да стане камера
Ја заборавивте видео камерата? Не грижете се: отсега ќе можете да снимате јасни и остри HD видео записи со неверојатна стапка од 30 слики во секунда за извонредно рамномерни динамични сцени. Погледнете ги резултатите на вашиот BRAVIA телевизор: ќе бидете воодушевени од квалитетот, деталите и прекрасните бои.




