DSC-WX7
WX7 Дигитален компактен фото апарат
Напреден Cyber-shot со Full HD видео, голем LCD екран и 3D снимање
Exmor R™ CMOS сензор со 16.2 милиони точки, 5x зум/25мм широк агол, AVCHD Full HD, 3D, LCD екран од 7,0см, режим на панорама
- Квалитет на слика со DSLR изглед и едноставно користење
- Снимајте неверојатни 3D слики и панорами
- Снимање на јасни и рамномерни Full HD видео снимки
Професионален квалитет во вашиот џеб
Извонреден стил, компактен и нееројатно практичен, дигиталниот фото апарат Cyber-shot WX7 нуди исклучителни можности за фотографирање и неограничени креативни опции. Преминете на снимање фотографии со врвни детали и високи перформанси, 3D рамномерно Full HD 1080i видео.

Лесно добивање на подобри фотографии
Не сте сигурни како да ги изберете совршените поставувања за фото апаратот за да одговараат на одредена сцена? Не грижете се, отсега ќе добивате значителна помош. Врвниот автоматски режим ги прилагодува експозицијата и другите параметри на фото апаратот за добивање на оптимални резултати кај широк избор на ситуации за фотографирање.

Волшебни филмови
Ја заборавивте ли видео камерата? Еден допир е сè што е потребно за снимање на извонредно остри и детални HD 1080i видео записи. Квалитетот на сликата е неверојатно јасен и рамномерен, додека ефикасната AVCHD видео компресија ги одржува фајловите помали за складирање и споделување.

Додадете нова димензија со 3D
Откријте го неверојатниот свет на 3D слики. Фотографирајте 3D фотографии со едно притиснување на копче. Снимајте широки 3D слики со режимот на панорама кои може да ги гледате на 3D телевизор. Движењето во повеќе агли создава неверојатни слики во вид на 3D кои може да ги разгледувате со закосување на екранот на фото апаратот.

Врвни снимки, дури и при слаба светлина
Многу фото апарати имаат потешкотии да генерираат остри и јасни снимки при слаба осветленост. Револуционерниот Exmor R™ CMOS сензор ја зголемува чувствителноста и го намалува шумот на слика, овозможувајќи добивање на извонредни снимки со врвни детали.






