DSC-WX50
WX50 Дигитален компактен фото апарат
Напреден Cyber-shot со моќни функции, Full HD видео и 3D снимање
Exmor R™ сензор со 16,2 милиони точки, 5x зум, AVCHD Full HD, 3D, LCD екран од 6,7 см, врвен автоматски режим
- Слики со многу голем квалитет при слаба осветленост
- Снимајте неверојатни 3D слики и панорами
- Full HD видео снимки без заматување, дури и кога пешачите
Професионален квалитет во вашиот џеб
Извонреден стил, компактен и неверојатно практичен, дигиталниот фото апарат Cyber-shot WX50 нуди исклучителни можности за фотографирање и неограничени креативни опции. Преминете на снимање фотографии со врвни детали и високи перформанси, 3D рамномерно Full HD 1080i видео.

Додадете нова димензија со 3D
Откријте го неверојатниот свет на 3D слики. Фотографирајте 3D фотографии со едно притиснување на копче. Снимајте широки 3D слики со режимот на панорама кои може да ги гледате на 3D телевизор. Движењето во повеќе агли создава неверојатни слики во вид на 3D кои може да ги разгледувате со закосување на екранот на фото апаратот.

Волшебни филмови
Снимајте извонредно остри и детални Full HD видео записи: ќе можете да уживате во стабилна и незаматена слика дури и кога пешачите или зумирате.

Почувствувајте ја целата слика
Сега лесно ќе можете да снимате неверојатни пејзажи или градски сцени. Cyber-shot врши автоматско спојување на серија снимки со голема брзина кога го движите апаратот од едната кон другата страна (или нагоре-надолу!) за создавање на една прекрасна панорамска снимка.
Лесно добивање на резултати со DSLR стил
Добивањето на врвни снимки никогаш не било полесно. Моќниот автоматски режим ги прилагодува експозицијата и другите параметри на фото апаратот за добивање на оптимални резултати речиси во секаква ситуација. Автоматскиот фокус се заклучува на објектот со голема брзина за добивање на извонредно остри резултати.
Креирајте уметнички ефекти
Не ви е потребен компјутер ниту скап софтвер за обработување на слики за да креирате преубави ефекти "на самиот фото апарат" со кој ќе ги подобрите портретите, пејзажите и друго. Изберете некој од опсегот на режими за ефекти на слика за да го подобрите вашето ремек-дело.






