Модел: 

DSC-W650

W650 Дигитален компактен фото апарат

Лесен, компактен Cyber-shot фото апарат со голем LCD екран кој е едноставен за користење

16,1 милиони точки, 5x зум, 720p HD видео, оптички SteadyShot, LCD екран од 7,5 см, режим на панорама и iAUTO

  • Carl Zeiss® објектив со 5x оптички зум
  • Снимајте исклучително широки слики со 360 режимот на панорама
  • Едноставно ракување, дури и за почетници

Врвни слики на едноставен начин

Лесен, компактен и удобен за носење, дигиталниот фото апарат Cyber-shot W650 е совршен партнер за одмори, семејни прослави и многу повеќе. Врвниот квалитет на сликата е надополнет со едноставно, разбирливо ракување - дури и ако за првпат користите дигитален фото апарат.

 

Додадете нова димензија со 3D

Откријте го неверојатниот свет на 3D слики. Фотографирајте 3D фотографии со едно притиснување на копче. Снимајте широки 3D слики со режимот на панорама кои може да ги гледате на 3D телевизор. Движењето во повеќе агли создава неверојатни слики во вид на 3D кои може да ги разгледувате со закосување на екранот на фото апаратот.

Волшебни филмови

Снимајте извонредно остри и детални Full HD видео записи: ќе можете да уживате во стабилна и незаматена слика дури и кога пешачите или зумирате.

Почувствувајте ја целата слика

Сега лесно ќе можете да снимате неверојатни пејзажи или градски сцени. Cyber-shot врши автоматско спојување на серија снимки со голема брзина кога го движите апаратот од едната кон другата страна (или нагоре-надолу!) за создавање на една прекрасна панорамска снимка.

Лесно добивање на резултати со DSLR стил

Добивањето на врвни снимки никогаш не било полесно. Моќниот автоматски режим ги прилагодува експозицијата и другите параметри на фото апаратот за добивање на оптимални резултати речиси во секаква ситуација. Автоматскиот фокус се заклучува на објектот со голема брзина за добивање на извонредно остри резултати.

Креирајте уметнички ефекти

Не ви е потребен компјутер ниту скап софтвер за обработување на слики за да креирате преубави ефекти "на самиот фото апарат" со кој ќе ги подобрите портретите, пејзажите и друго. Изберете некој од опсегот на режими за ефекти на слика за да го подобрите вашето ремек-дело.

Повеќе информации за DSC-W650

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста