DSC-W530
W530 Дигитален компактен фото апарат
Лесен, компактен Cyber-shot фото апарат со едноставно ракување
14.1 милиони точки, 4x оптички зум/широк агол од 26мм, LCD екран од 6,7см , режим на панорама и iAUTO
- Висококвалитетен Carl Zeiss® објектив со 4x оптички зум
- Снимајте исклучително широки слики со режимот на панорама
- Едноставно ракување, дури и за почетници
Врвни слики на едноставен начин
Лесен, компактен и удобен за носење, дигиталниот фото апарат Cyber-shot W530 е совршен партнер за одмори, семејни прослави и многу повеќе. Врвниот квалитет на сликата е надополнет со едноставно, разбирливо ракување - дури и ако за првпат користите дигитален фото апарат.
Почувствувајте ја целата слика
Отсега лесно ќе можете да снимате неверојатни широки фотографии на пејзажите или на видиците на градовите. Режимот на панорама нуди брзо снимање на група фотографии додека го движите апаратот од едната кон другата страна (или нагоре-надолу!). Сликите автоматски се спојуваат од страна на апаратот со што се добива една прекрасна панорамска снимка.

Едноставно снимање на прекрасни портрети
Снимајте прекрасни насмеани портрети од пријателите и семејството без напор. Подобрената функција за откривање на лице врши автоматско прилагодување на параметрите на фото апаратот за добивање на јасна слика со природен тон на кожата. Блендата со функција за насмевки врши автоматско снимање во моментот кога личноста ќе се насмевне.

Лесно добивање на подобри фотографии
Не сте сигурни како да ги изберете совршените поставувања за фото апаратот за да одговараат на одредена сцена? Не грижете се, отсега ќе добивате значителна помош. Интелигентниот автоматски режим (iAUTO) автоматски ги прилагодува експозицијата и другите параметри на фото апаратот за добивање на оптимални резултати кај широк избор на ситуации за фотографирање.

Внесете повеќе содржини во секоја сцена
Преубавите пејзажи, архитектонските снимки, ентериерите, па дури и семејните снимки можат да бидат неуспешни доколку рабовите на сцената се отсечени. Широкоаголниот објектив ќе ви овозможи повеќе да се внесете во снимката без потреба од оддалечување од објектот.

Преснимете го моментот на интернет
Преснимете ги посебните спомени на омилените веб-страници за споделување на интернет со само неколку кликнувања. PMB Portable, софтверот во камерата, ви овозможува избирање и пренесување фотографии и видео записи на кој било PC поврзан на интернет: Тоа е одлично доколку патување и имате малку време да наминете во најблиското интернет кафе.





