ПРЕТХОДЕН МОДЕЛ Модел: 

DSC-W390

W390 Дигитален компактен фото апарат

Слики со високи перформанси, со режим на панорама во избор од прекрасни бои

14.1 милиони точки, f/2.4 G објектив со 5x оптички зум/широк агол од 24мм, HD видео, LCD од 7.5см

Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.

  • Слики со многу висока резолуција
  • Светол објектив за одлични снимки при слаба освелтеност
  • Снимање на исклучително широки панорами
Достапен на:

Неверојатни слики и напредни функции

Тенок и стилски фото апарат кој се одликува со интелигентни и практични функции за снимање. Направете исчекор кон фотографии и видео снимки со исклучителен квалитет, со напредни оптички перформанси и разновидни креативни можности.

 

Фото апарат кој би сакал да стане камера

Ја заборавивте видео камерата? Не грижете се: отсега ќе можете да снимате јасни и остри HD видео записи со неверојатна стапка од 30 слики во секунда за извонредно рамномерни динамични сцени. Погледнете ги резултатите на вашиот BRAVIA телевизор: ќе бидете воодушевени од квалитетот, деталите и прекрасните бои.

Почувствувајте ја целата слика

Отсега лесно ќе можете да снимате неверојатни широки фотографии на пејзажите или на видиците на градовите. Режимот на панорама нуди брзо снимање на група фотографии додека го движите апаратот од едната кон другата страна (или нагоре-надолу!). Сликите автоматски се спојуваат од страна на апаратот со што се добива една прекрасна панорамска снимка.

Дознајте повеќе за режимот на панорама

Посветли, подобри слики

Колку повеќе светлина пропушти објективот во фото апаратот, толку подобро. G објективот со врвен квалитет нуди неверојатно широка f/2,4 максимална решетка. Овозможувајќи паѓање на повеќе светлина врз сензорот на фото апаратот, тој ви нуди рачно снимање при самрак или во недоволно осветлени затворени простории без потреба од блиц. Исто така, неговата широка решетка е идеална за создавање прекрасни портрети со мала длабочина на поле.

Преснимете го моментот на интернет

Преснимете ги посебните спомени на омилените веб-страници за споделување на интернет со само неколку кликнувања. PMB Portable, софтверот во камерата, ви овозможува избирање и пренесување фотографии и видео записи на кој било PC поврзан на интернет: Тоа е одлично доколку патување и имате малку време да наминете во најблиското интернет кафе.

Лесно добивање на подобри фотографии

Не сте сигурни како да ги изберете совршените поставувања за фото апаратот за да одговараат на одредена сцена? Не грижете се, отсега ќе добивате значителна помош. Интелигентниот автоматски режим (iAUTO) автоматски ги прилагодува експозицијата и другите параметри на фото апаратот за добивање на оптимални резултати кај широк избор на ситуации за фотографирање.

Повеќе информации за DSC-W390

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста