DSC-W330
W330 Дигитален компактен фото апарат
Тенок и лесен, со интелигентни и практични функции
14.1 милиони точки, 4x оптички зум/широк агол од 26мм, LCD од 7.5см, бленда со функција за насмевки
Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.
- Слики со многу висока резолуција
- Избор на прекрасни бои
- Снимајте насмеани портрети
Тенок живописен изглед и одличен квалитет на сликата
Прекрасен стил, мала тежина и лесно носење: снимањето на остри и јасни фотографии никогаш досега не било толку лесно. Функциите како интелигентното препознавање на сцените и блендата со функција за насмевки ќе ви помогнат да снимите уште позабавни моменти

Едноставно снимање на прекрасни портрети
Отсега ќе можете лесно да снимате прекрасни насмеани портрети со пријателите и семејството. Подобрената функција за откривање на лице врши автоматско прилагодување на параметрите на фото апаратот за добивање на јасна слика со природен тон на кожата. Блендата со функција за насмевки врши автоматско снимање во моментот кога саканото лице ќе се насмевне.

Мали и лесни за да ги понесете со себе
Вашата камера лесно ќе можете да ја сместите во џеб или торба. Благодарение на компактните димензии и малата тежина, вие секогаш ќе бидете подготвени да ги снимите посебните моменти, без разлика каде се наоѓате и што правите.

Преснимете го моментот на интернет
Преснимете ги посебните спомени на омилените веб-страници за споделување на интернет со само неколку кликнувања. PMB Portable, софтверот во камерата, ви овозможува избирање и пренесување фотографии и видео записи на кој било PC поврзан на интернет: Тоа е одлично доколку патување и имате малку време да наминете во најблиското интернет кафе.

Лесно добивање на подобри фотографии
Не сте сигурни како да ги изберете совршените поставувања за фото апаратот за да одговараат на одредена сцена? Не грижете се, отсега ќе добивате значителна помош. Интелигентниот автоматски режим (iAUTO) автоматски ги прилагодува експозицијата и другите параметри на фото апаратот за добивање на оптимални резултати кај широк избор на ситуации за фотографирање.

Внесете повеќе содржини во секоја сцена
Преубавите пејзажи, архитектонските снимки, ентериерите, па дури и семејните снимки можат да бидат неуспешни доколку рабовите на сцената се отсечени. Широкоаголниот објектив ќе ви овозможи повеќе да се внесете во снимката без потреба од оддалечување од објектот.




