DSC-W290
W290 Дигитален компактен фото апарат
Компактен и стилски, со исклучителни практични функции за снимање
12.1 милиони точки, 5x оптички зум/широк агол од 28мм, HD видео
Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.
Моќни перформанси и голема едноставност
Врвен квалитет на сликата и моќни функции во стилски практичен апарат. Моќен 5x оптички зум, широкоаголно снимање, HD видео и голем јасен LCD екран за извонредни резултати.

Не грижете се околу правилните параметри
Навистина е тешко да се процени кои вредности на параметрите да се користат во незгодните ситуации како портретите во самрак или сцените со силно задно сончево осветлување. Интелигентното препознавање на сцените врши автоматско прилагодување на експозицијата и другите параметри, помагајќи ви да добиете подобри резултати со помалку напор.

Внесете повеќе содржини во секоја сцена
Преубавите пејзажи, архитектонските снимки, ентериерите, па дури и семејните снимки можат да бидат неуспешни доколку рабовите на сцената се отсечени. Широкоаголниот објектив ќе ви овозможи повеќе да се внесете во снимката без потреба од оддалечување од објектот.

Едноставно снимање на прекрасни портрети
Отсега ќе можете лесно да снимате прекрасни насмеани портрети со пријателите и семејството. Подобрената функција за откривање на лице врши автоматско прилагодување на параметрите на фото апаратот за добивање на јасна слика со природен тон на кожата. Блендата со функција за насмевки врши автоматско снимање во моментот кога саканото лице ќе се насмевне.
Уживајте во шоуто
Ви нудиме одличен начин за да внесете нова димензија во уживањето со омилените слики и видео снимки. Гледајте живописни динамични 'слајд шоу' презентации на екранот од фото апаратот, со извонредни премини и голем избор на музика. Или пак, поврзете се на вашиот HD телевизор за да добиете навистина голема слика.

Фото апарат кој би сакал да стане камера
Ја заборавивте видео камерата? Не грижете се: отсега ќе можете да снимате јасни и остри HD видео записи со неверојатна стапка од 30 слики во секунда за извонредно рамномерни динамични сцени. Погледнете ги резултатите на вашиот BRAVIA телевизор: ќе бидете воодушевени од квалитетот, деталите и прекрасните бои.




