ПРЕТХОДЕН МОДЕЛ

DSC-W150

Компактен и стилски, со моќни и практични функции за снимање

8.1 милиони точки, 5x оптички зум/широк агол од 28мм, 2.7-инчен LCD

Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.

Интелигентно снимање и врвна практичност

Компактен, стилски и практичен. Уживајте во моќните функции како 5x оптичкиот зум, широкоаголното снимање, блендата со функција за насмевки, функцијата за откривање на лице и интелигентното препознавање на сцените.

 

Не грижете се околу правилните параметри

Навистина е тешко да се процени кои вредности на параметрите да се користат во незгодните ситуации како портретите во самрак или сцените со силно задно сончево осветлување. Интелигентното препознавање на сцените врши автоматско прилагодување на експозицијата и другите параметри, помагајќи ви да добиете подобри резултати со помалку напор.

Внесете повеќе содржини во секоја сцена

Преубавите пејзажи, архитектонските снимки, ентериерите, па дури и семејните снимки можат да бидат неуспешни доколку рабовите на сцената се отсечени. Широкоаголниот објектив ќе ви овозможи повеќе да се внесете во снимката без потреба од оддалечување од објектот.

Едноставно снимање на прекрасни портрети

Отсега ќе можете лесно да снимате прекрасни насмеани портрети со пријателите и семејството. Подобрената функција за откривање на лице врши автоматско прилагодување на параметрите на фото апаратот за добивање на јасна слика со природен тон на кожата. Блендата со функција за насмевки врши автоматско снимање во моментот кога саканото лице ќе се насмевне.

Уживајте во шоуто

Ви нудиме одличен начин за да внесете нова димензија во уживањето со омилените слики и видео снимки. Гледајте живописни динамични 'слајд шоу' презентации на екранот од фото апаратот, со извонредни премини и голем избор на музика. Или пак, поврзете се на вашиот HD телевизор за да добиете навистина голема слика.

Големи и прекрасни слики на HD телевизор

Зошто да не ги презентирате вашите снимки со повеќе стил? Поврзете го вашиот фото апарат на кој било HD Ready телевизор и уживајте во големиот и прекрасен приказ на вашите фотографии. Доколку вашиот BRAVIA телевизор поддржува PhotoTV HD, вие ќе добиете уште поживописна HD слика, со врвни детали и прекрасни бои.

Повеќе информации за DSC-W150

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста