ПРЕТХОДЕН МОДЕЛ Модел: 

DSC-TX7

TX7 Дигитален компактен фото апарат

Извонредно тенок и стилски, со интелигентен режим на панорама и други напредни функции

Exmor R™ CMOS, 4x опт.зум/25мм широк агол, 1080i HD видео, LCD на допир од 8,8см

Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.

  • Тенок, живописен и прекрасен стил
  • Извонредно голем екран на допир
  • Висококвалитетни фотографии и 1080i HD видео

Неверојатен квалитет на сликата и современ тенок изглед

Извонредно тенок и стилски фото апарат со високи перформанси кој располага со напредни функции за снимање. Спој на беспрекорен квалитет на сликата и преубав живописен изглед.

 

Волшебни филмови

Ја заборавивте видео камерата? Еден допир е сè што е потребно за да почнете со снимање извонредно остри и детални HD 1080i видео записи со вашиот Cyber-shot™ фото апарат. Квалитетот на сликата е извонредно јасен и рамномерен, додека ефикасната AVCHD видео компресија ги одржува фајловите помали за складирање и споделување на вашиот PC.

Поширок поглед кон светот

Исклучително широки пејзажи. Сцени исполнети со забава во кои никој нема да биде изоставен од сликите. Интелигентниот режим на панорама врши автоматско спојување на серија снимки, создавајќи единствена неверојатно широка слика со огромно видно поле. Сега со уште поголема интелигенција, тој дури ги израмнува сликите без проблем доколку има луѓе кои се движат на сцената.

Лесно добивање на подобри фотографии

Не сте сигурни како да ги изберете совршените поставувања за фото апаратот за да одговараат на одредена сцена? Не грижете се, отсега ќе добивате значителна помош. Интелигентниот автоматски режим (iAUTO) автоматски ги прилагодува експозицијата и другите параметри на фото апаратот за добивање на оптимални резултати кај широк избор на ситуации за фотографирање.

Врвни снимки, дури и при слаба светлина

Многу фото апарати имаат потешкотии да генерираат остри и јасни снимки при слаба осветленост. Револуционерниот Exmor R™ CMOS сензор ја зголемува чувствителноста и го намалува шумот на слика, овозможувајќи добивање на извонредни снимки со врвни детали.

Внесете повеќе содржини во секоја сцена

Преубавите пејзажи, архитектонските снимки, ентериерите, па дури и семејните снимки можат да бидат неуспешни доколку рабовите на сцената се отсечени. Широкоаголниот објектив ќе ви овозможи повеќе да се внесете во снимката без потреба од оддалечување од објектот.

Повеќе информации за DSC-TX7

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други Sony сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста