Модел: 

DSC-TX5

TX5 Дигитален компактен фото апарат

Тенок, стилски и водоотпорен, со врвен квалитет на слика и интелигентен режим на панорама

Exmor R™ CMOS, 4x опт.зум/25мм широк агол, HD видео, LCD на допир од 7,5см

  • Тенок, живописен и прекрасен стил
  • Отпорен на вода, прав, мраз и удар
  • Снимање на исклучително широки панорами

Неверојатен квалитет на сликата и современ тенок изглед

Извонредно тенок и стилски фото апарат со високи перформанси кој располага со напредни функции за снимање. Спој на беспрекорен квалитет на сликата и преубав живописен изглед.

 

Фото апарат кој би сакал да стане камера

Ја заборавивте видео камерата? Не грижете се: отсега ќе можете да снимате јасни и остри HD видео записи со неверојатна стапка од 30 слики во секунда за извонредно рамномерни динамични сцени. Погледнете ги резултатите на вашиот BRAVIA телевизор: ќе бидете воодушевени од квалитетот, деталите и прекрасните бои.

Поширок поглед кон светот

Исклучително широки пејзажи. Сцени исполнети со забава во кои никој нема да биде изоставен од сликите. Интелигентниот режим на панорама врши автоматско спојување на серија снимки, создавајќи единствена неверојатно широка слика со огромно видно поле. Сега со уште поголема интелигенција, тој дури ги израмнува сликите без проблем доколку има луѓе кои се движат на сцената.

Врвни снимки, дури и при слаба светлина

Многу фото апарати имаат потешкотии да генерираат остри и јасни снимки при слаба осветленост. Револуционерниот Exmor R™ CMOS сензор ја зголемува чувствителноста и го намалува шумот на слика, овозможувајќи добивање на извонредни снимки со врвни детали.

Внесете повеќе содржини во секоја сцена

Преубавите пејзажи, архитектонските снимки, ентериерите, па дури и семејните снимки можат да бидат неуспешни доколку рабовите на сцената се отсечени. Широкоаголниот објектив ќе ви овозможи повеќе да се внесете во снимката без потреба од оддалечување од објектот.

Тенок и водоотпорен

Овој извонредно тенок и извонредно издржлив Cyber-shot™ го одржува чекорот со дејството, без разлика дали скијате, пливате, планинарите или добро се забавувате. Водоотпорен до длабочина од 3м, тој успешно се справува и со прав, услови со многу ниски температури, па дури и со паѓање од висина од 1,5м.

Повеќе информации за DSC-TX5

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други Sony сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста