Модел: 

DSC-TX100V

TX100V Дигитален компактен фото апарат

Извонредно тенок Cyber-shot со Full HD и врвен квалитет на слика

Exmor R™ со 16.2 милиони точки, 4x зум/25мм широк агол, Full HD 50p, 3D, OLED екран од 8,8см, режим на панорама, GPS

  • Снимајте неверојатни 3D слики и панорами
  • Снимање на рамномерно Full HD 50p видео како од кино
  • Следете ја вашата позиција со GPS уредот и компасот

Сензационален изглед и извонредни перформанси

Заводливиот изглед е само почеток. Тенкиот и современ дигитален фото апарат Cyber-shot TX100V е опремен со напредни функции од Sony кои ги пренесуваат фотографиите на друго ниво. Преминете на снимање фотографии со врвни детали и високи перформанси, 3D и Full HD 50p видео како од кино.

 

Лесно добивање на подобри фотографии

Не сте сигурни како да ги изберете совршените поставувања за фото апаратот за да одговараат на одредена сцена? Не грижете се, отсега ќе добивате значителна помош. Врвниот автоматски режим ги прилагодува експозицијата и другите параметри на фото апаратот за добивање на оптимални резултати кај широк избор на ситуации за фотографирање.

Волшебни филмови

Ја заборавивте ли видео камерата? Еден допир е сè што е потребно за снимање на извонредно остри и детални видео записи. Сега со Cyber-shot можете да снимате со неверојатни 50 Full HD (1920x1080) слики во секунда за доловување на неверојатно рамномерни филмски движења.

Неверојатен преглед на сликата

Обликувајте ги кадрите со поголема самодоверба. Широкиот екран на допир со висок контраст ви овозможува да го гледате токму тоа што го снимате – дури и при силна светлина кога сте на отворено. Екранот на допир го олеснува и брзото прилагодување на параметрите за снимање.

Додадете нова димензија со 3D

Откријте го неверојатниот свет на 3D слики. Фотографирајте 3D фотографии со едно притиснување на копче. Снимајте широки 3D слики со режимот на панорама кои може да ги гледате на 3D телевизор. Движењето во повеќе агли создава неверојатни слики во вид на 3D кои може да ги разгледувате со закосување на екранот на фото апаратот.

Врвни снимки, дури и при слаба светлина

Многу фото апарати имаат потешкотии да генерираат остри и јасни снимки при слаба осветленост. Револуционерниот Exmor R™ CMOS сензор ја зголемува чувствителноста и го намалува шумот на слика, овозможувајќи добивање на извонредни снимки со врвни детали.

Повеќе информации за DSC-TX100V

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста