DSC-T99
T99 Дигитален компактен фото апарат
Тенок и модерен, со извонреден стил и врвен квалитет на сликата
14.1 милиони точки, 4x зум/широк агол од 25мм, HD видео и широк LCD екран на допир од 7,5см
- Тенок и одличен изглед со прекрасни бои
- Креирајте неверојатни панорамски слики
- Снимајте HD видео записи
Префинет стил, неверојатни слики
Прекрасно извајаниот изглед е само почеток. Тенок, со прекрасни бои и едноставен за носење во џеб од кошула или торба, тој се одликува со најсовремена технологија која ќе ви помогне лесно да снимите прекрасни фотографии и HD видео.

Фото апарат кој би сакал да стане камера
Ја заборавивте видео камерата? Не грижете се: отсега ќе можете да снимате јасни и остри HD видео записи со неверојатна стапка од 30 слики во секунда за извонредно рамномерни динамични сцени. Погледнете ги резултатите на вашиот BRAVIA телевизор: ќе бидете воодушевени од квалитетот, деталите и прекрасните бои.
Почувствувајте ја целата слика
Отсега лесно ќе можете да снимате неверојатни широки фотографии на пејзажите или на видиците на градовите. Режимот на панорама нуди брзо снимање на група фотографии додека го движите апаратот од едната кон другата страна (или нагоре-надолу!). Сликите автоматски се спојуваат од страна на апаратот со што се добива една прекрасна панорамска снимка.

Лесно добивање на подобри фотографии
Не сте сигурни како да ги изберете совршените поставувања за фото апаратот за да одговараат на одредена сцена? Не грижете се, отсега ќе добивате значителна помош. Интелигентниот автоматски режим (iAUTO) автоматски ги прилагодува експозицијата и другите параметри на фото апаратот за добивање на оптимални резултати кај широк избор на ситуации за фотографирање.

Неверојатен преглед на сликата
Живописниот LCD екран со извонредни детали ќе ви помогне подобро да ги обликувате кадрите. Широкиот екран на допир со висок контраст ви овозможува да го гледате токму она што се снима – дури и при силна осветленост кога сте на отворено. Екранот на допир исто така ви нуди брзо прилагодување на параметрите за снимање.

Внесете повеќе содржини во секоја сцена
Преубавите пејзажи, архитектонските снимки, ентериерите, па дури и семејните снимки можат да бидат неуспешни доколку рабовите на сцената се отсечени. Широкоаголниот објектив ќе ви овозможи повеќе да се внесете во снимката без потреба од оддалечување од објектот.




