DSC-TX9
TX9 Дигитален компактен фото апарат
Тенок и стилски, со неверојатен квалитет на фотографии и видео плус 3D
12.2 мил.точки, Exmor R™ CMOS сензор, 4x опт.зум/25мм широк агол, FullHD видео, 8,8см LCD екран и 3D
- Квалитет на слика со DSLR изглед и едноставно користење
- Направете неверојатни 3D панорами
- Извонредно голем екран на допир
Извонредно доживување при HD фотографирањето
Однесете ја вашата страст за неверојатни фотографии во друга димензија. Уживајте во 3D фотографирање, Full HD видео и интелигентни функции за фотографирање со прекрасен и тенок фото апарат кој го прави квалитетот на слика со DSLR изглед достапен за секого.

Додадете нова димензија со 3D
Откријте го новиот неверојатен свет на 3D фотографирањето, овозможен од Sony. Режимот на панорама сега ви овозможува снимање на неверојатни 3D слики кои може да ги гледате на 3D телевизор. Движењето во повеќе агли создава неверојатни 3D ефекти кои може да ги гледате во 2D со едноставно закосување на екранот на фото апаратот од една кон друга страна.

Квалитет на слика со DSLR изглед
Сега може да уживате во квалитет на слика со DSLR стил, без големината и тежината на DSLR фото апарат. Новиот врвен автоматски режим интелигентно комбинира до 6 слики за добивање извонредни резултати со мал шум и висок динамичен опсег. Можете да создадете и прекрасни портрети со рамномерно дефокусирана позадина - исто како професионалните фотографи.
Волшебни филмови
Ја заборавивте видео камерата? Еден допир е сè што е потребно за да почнете со снимање извонредно остри и детални HD 1080i видео записи со вашиот Cyber-shot™ фото апарат. Квалитетот на сликата е извонредно јасен и рамномерен, додека ефикасната AVCHD видео компресија ги одржува фајловите помали за складирање и споделување на вашиот PC.

Врвни снимки, дури и при слаба светлина
Многу фото апарати имаат потешкотии да генерираат остри и јасни снимки при слаба осветленост. Револуционерниот Exmor R™ CMOS сензор ја зголемува чувствителноста и го намалува шумот на слика, овозможувајќи добивање на извонредни снимки со врвни детали.

Неверојатен преглед на сликата
Живописниот LCD екран со извонредни детали ќе ви помогне подобро да ги обликувате кадрите. Широкиот екран на допир со висок контраст ви овозможува да го гледате токму она што се снима – дури и при силна осветленост кога сте на отворено. Екранот на допир исто така ви нуди брзо прилагодување на параметрите за снимање.




