Модел: 

DSC-TX10

TX10 Дигитален компактен фото апарат

Извонредно тенок Cyber-shot со Full HD и цврст, водоотпорен стил

Exmor R™ CMOS сензор со 16.2 милиони точки, 4x зум/25мм широк агол, AVCHD Full HD, 3D, LCD екран од 7,5см, режим на панорама

  • Отпорен на вода, прав, мраз и удар
  • Снимајте неверојатни 3D слики и панорами
  • Снимање на јасни и рамномерни Full HD видео снимки

Неверојатна цврстина, модерен изглед

Тенкиот и современ дигитален фото апарат Cyber-shot TX10 се одликува со одлични перформанси. Одликувајќи се со најсовремени функции за неверојатни фотографии и HD видео снимки, неговиот водоотпорен дизајн го прави совршен за одмори исполнети со забава.

 

Тенок и водоотпорен

Овој извонредно тенок и извонредно издржлив Cyber-shot го одржува чекорот со дејството, без разлика дали скијате, пливате или добро се забавувате. Водоотпорен е на длабочина до 5м, спречува навлегување на прав, отпорен е на температура на мрзнење до -10C, па дури издржува и падови од висина до 1,5м.

Волшебни филмови

Ја заборавивте ли видео камерата? Еден допир е сè што е потребно за снимање на извонредно остри и детални HD 1080i видео записи. Квалитетот на сликата е неверојатно јасен и рамномерен, додека ефикасната AVCHD видео компресија ги одржува фајловите помали за складирање и споделување.

Неверојатен преглед на сликата

Обликувајте ги кадрите со поголема самодоверба. Широкиот екран на допир со висок контраст ви овозможува да го гледате токму тоа што го снимате – дури и при силна светлина кога сте на отворено. Екранот на допир го олеснува и брзото прилагодување на параметрите за снимање.

Додадете нова димензија со 3D

Откријте го неверојатниот свет на 3D слики. Фотографирајте 3D фотографии со едно притиснување на копче. Снимајте широки 3D слики со режимот на панорама кои може да ги гледате на 3D телевизор. Движењето во повеќе агли создава неверојатни слики во вид на 3D кои може да ги разгледувате со закосување на екранот на фото апаратот.

Врвни снимки, дури и при слаба светлина

Многу фото апарати имаат потешкотии да генерираат остри и јасни снимки при слаба осветленост. Револуционерниот Exmor R™ CMOS сензор ја зголемува чувствителноста и го намалува шумот на слика, овозможувајќи добивање на извонредни снимки со врвни детали.

Повеќе информации за DSC-TX10

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста