ПРЕТХОДЕН МОДЕЛ

DSC-T900

Стилски и ултра тенок, со голем екран на допир и снимање на HD видео.

12.1 милиони точки, 4x оптички зум, 3.5-инчен LCD и снимање на HD видео

Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.

  • Слики со многу висок квалитет
  • Голем извонреден екран на допир
  • Снимајте остри HD видео записи

Тенок и преубав, со бројни функции

Тенок и стилски - и навистина едноставен за користење. Елегантниот современ изглед е надополнет со големиот екран на допир со врвни детали, снимањето HD видео, блендата со функција за насмевки и оптичкиот SteadyShot.

 

Неверојатен преглед на сликата

Живописниот LCD екран со извонредни детали ќе ви помогне подобро да ги обликувате кадрите. Широкиот екран на допир со висок контраст ви овозможува да го гледате токму она што се снима – дури и при силна осветленост кога сте на отворено. Екранот на допир исто така ви нуди брзо прилагодување на параметрите за снимање.

Едноставно снимање на прекрасни портрети

Отсега ќе можете лесно да снимате прекрасни насмеани портрети со пријателите и семејството. Подобрената функција за откривање на лице врши автоматско прилагодување на параметрите на фото апаратот за добивање на јасна слика со природен тон на кожата. Блендата со функција за насмевки врши автоматско снимање во моментот кога саканото лице ќе се насмевне.

Уживајте во шоуто

Ви нудиме одличен начин за да внесете нова димензија во уживањето со омилените слики и видео снимки. Гледајте живописни динамични 'слајд шоу' презентации на екранот од фото апаратот, со извонредни премини и голем избор на музика. Или пак, поврзете се на вашиот HD телевизор за да добиете навистина голема слика.

Фото апарат кој би сакал да стане камера

Ја заборавивте видео камерата? Не грижете се: отсега ќе можете да снимате јасни и остри HD видео записи со неверојатна стапка од 30 слики во секунда за извонредно рамномерни динамични сцени. Погледнете ги резултатите на вашиот BRAVIA телевизор: ќе бидете воодушевени од квалитетот, деталите и прекрасните бои.

Мали и лесни за да ги понесете со себе

Вашата камера лесно ќе можете да ја сместите во џеб или торба. Благодарение на компактните димензии и малата тежина, вие секогаш ќе бидете подготвени да ги снимите посебните моменти, без разлика каде се наоѓате и што правите.

Повеќе информации за DSC-T900

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста