ПРЕТХОДЕН МОДЕЛ

DSC-T500

Стилски и ултра тенок, со голем екран на допир и снимање на HD видео.

10.1 милиони точки, 5x оптички зум, 3.5-инчен LCD и снимање на HD видео

Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.

Одличен изглед, неверојатни снимки

Апаратите со врвен квалитет на сликата и напредни функции за снимање никогаш не изгледале толку добро. Покрај стилскиот и ултра тенок дизајн, апаратот се одликува со голем практичен екран на допир и снимање на HD видео.

 

Не грижете се околу правилните параметри

Навистина е тешко да се процени кои вредности на параметрите да се користат во незгодните ситуации како портретите во самрак или сцените со силно задно сончево осветлување. Интелигентното препознавање на сцените врши автоматско прилагодување на експозицијата и другите параметри, помагајќи ви да добиете подобри резултати со помалку напор.

Неверојатен преглед на сликата

Живописниот LCD екран со извонредни детали ќе ви помогне подобро да ги обликувате кадрите. Широкиот екран на допир со висок контраст ви овозможува да го гледате токму она што се снима – дури и при силна осветленост кога сте на отворено. Екранот на допир исто така ви нуди брзо прилагодување на параметрите за снимање.

Едноставно снимање на прекрасни портрети

Отсега ќе можете лесно да снимате прекрасни насмеани портрети со пријателите и семејството. Подобрената функција за откривање на лице врши автоматско прилагодување на параметрите на фото апаратот за добивање на јасна слика со природен тон на кожата. Блендата со функција за насмевки врши автоматско снимање во моментот кога саканото лице ќе се насмевне.

Уживајте во шоуто

Ви нудиме одличен начин за да внесете нова димензија во уживањето со омилените слики и видео снимки. Гледајте живописни динамични 'слајд шоу' презентации на екранот од фото апаратот, со извонредни премини и голем избор на музика. Или пак, поврзете се на вашиот HD телевизор за да добиете навистина голема слика.

Мали и лесни за да ги понесете со себе

Вашата камера лесно ќе можете да ја сместите во џеб или торба. Благодарение на компактните димензии и малата тежина, вие секогаш ќе бидете подготвени да ги снимите посебните моменти, без разлика каде се наоѓате и што правите.

Повеќе информации за DSC-T500

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста