Модел: 

DSC-T110

T110 Дигитален компактен фото апарат

Тенок и модерен Cyber-shot фото апарат со исклучителен квалитет на сликата

16.1 милиони точки, 4x оптички зум/25мм широк агол, HD видео, LCD екран на допир од 7,5см и режим на панорама

  • Тенок и одличен изглед со прекрасни бои
  • Снимајте исклучително широки слики со режимот на панорама
  • Снимајте HD видео записи со остри детали

Префинет стил, неверојатни слики

Прекрасно извајаниот изглед е само почеток со неверојатно тенкиот дигитален фото апарат Cyber-shot T110. Лесен и едноставен за носење во џеб од кошула или торба, тој се одликува со најсовремена технологија која ќе ви помогне лесно да снимите прекрасни фотографии и HD видео.

 

Почувствувајте ја целата слика

Отсега лесно ќе можете да снимате неверојатни широки фотографии на пејзажите или на видиците на градовите. Режимот на панорама нуди брзо снимање на група фотографии додека го движите апаратот од едната кон другата страна (или нагоре-надолу!). Сликите автоматски се спојуваат од страна на апаратот со што се добива една прекрасна панорамска снимка.

Дознајте повеќе за режимот на панорама

Лесно добивање на подобри фотографии

Не сте сигурни како да ги изберете совршените поставувања за фото апаратот за да одговараат на одредена сцена? Не грижете се, отсега ќе добивате значителна помош. Интелигентниот автоматски режим (iAUTO) автоматски ги прилагодува експозицијата и другите параметри на фото апаратот за добивање на оптимални резултати кај широк избор на ситуации за фотографирање.

Неверојатен преглед на сликата

LCD екранот со врвни детали и прекрасни бои ви помага да ги обликувате кадрите со поголема самодоверба. Широкиот екран на допир со висок контраст ви овозможува да го гледате токму тоа што го снимате – дури и при силна светлина кога сте на отворено. Екранот на допир го олеснува и брзото прилагодување на параметрите за снимање.

Пренесете го моментот на интернет

Вчитајте ги посебните спомени на омилените веб-страници за споделување на интернет со само неколку кликнувања. Софтверот PMB Portable во фото апаратот овозможува избирање и пренесување фотографии и видео записи на кој било PC поврзан на интернет. Тоа е одлично доколку патувате и имате малку време да наминете во најблиското интернет кафе.

HD видео снимки со вашиот Cyber-shot

Што е со посебните моменти за кои не е доволна само една фотографија за пренесување на приказната? Снимајте кратки 720p видео записи со звук и 30 слики во секунда - а потоа погледнете ги снимените содржини на вашиот компјутер.

Повеќе информации за DSC-T110

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста