Брзо и едноставно пребарување
Со календарскиот преглед, сите ваши фотографии и видео записи се подредуваат според датум: ова е одличен начин за да запомните што сте правеле на одреден датум. Алтернативно, вие ќе можете да ги пребарувате фолдерите кои овозможуваат полесно наоѓање со имиња како ‘ден на венчавка’ или ‘Божиќ во Нов Зеланд’.
Пронаоѓањето на саканите спомени никогаш не било толку лесно. Picture Motion Browser автоматски ги пронаоѓа сликите и видео снимките кои се означени како ‘Омилени’. Исто така можете да ги пребарувате фотографиите и видео снимките означени како ‘Семејство’ или ‘Патувања’.
Кликнете на одредена слика која содржи нечиј лик и притиснете на ‘Пребарување на лице’. Picture Motion Browser веднаш ќе ги пронајде сите фотографии и видео снимки со тоа лице. Исто така можете да пребарувате пејзажи, групи на луѓе или насмевки.
А доколку имате GPS уред од Sony, вие ќе можете да ги видите сите фото и видео снимки прикажани на интернет мапи овозможени од Google.