Модел: 

DSC-S5000

S5000 Дигитален компактен фото апарат

Cyber-shot фото апарат со забавни функции за фотографирање кој е едноставен за користење

14,1 милиони точки, 5x зум, LCD екран од 6,7см, режим на панорама и iAUTO

  • Објектив со 4x оптички зум и широк агол од 26мм
  • Снимајте исклучително широки слики со режимот на панорама
  • Едноставно ракување, дури и за почетници

Одличен почеток за извонредни снимки

Удобен за носење и едноставен за користење, дигиталниот фото апарат Cyber-shot S5000 е идеален за да ве внесе во светот на неверојатни слики од Sony. Се одликува со интелигентни функции како откривање на лице, функција за насмевки и режим на панорама за одлични резултати без мака.

 

Почувствувајте ја целата слика

Сега лесно ќе можете да снимате неверојатни пејзажи или градски сцени. Cyber-shot врши автоматско спојување на серија снимки со голема брзина кога го движите апаратот од едната кон другата страна (или нагоре-надолу!) за создавање на една прекрасна панорамска снимка.

Прекрасни портрети

Снимајте прекрасни насмеани портрети од пријателите и семејството. Функцијата за откривање на лице врши прилагодување на параметрите на фото апаратот за добивање на јасна слика со природен тон на кожата. Блендата со функција за насмевки врши автоматско снимање во моментот кога личноста ќе се насмевне.

Лесно добивање на подобри фотографии

Не сте сигурни како да ги изберете совршените поставувања за фото апаратот за да одговараат на одредена сцена? Отсега ќе добивате значителна помош. Интелигентниот автоматски режим (iAUTO) автоматски ги прилагодува експозицијата и другите параметри на фото апаратот за добивање на оптимални резултати кај широк избор на ситуации за фотографирање.

Мали и лесни за да ги понесете со себе

Вашата камера лесно ќе можете да ја сместите во џеб или торба. Благодарение на компактните димензии и малата тежина, вие секогаш ќе бидете подготвени да ги снимите посебните моменти, без разлика каде се наоѓате и што правите.

Повеќе информации за DSC-S5000

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста