DSC-S3000
S3000 Дигитален компактен фото апарат
Cyber-shot фото апарат со забавни функции за фотографирање кој е едноставен за користење
10.1 милиони точки, 4x оптички зум, LCD екран од 6,7см , режим на панорама и iAUTO
- Едноставно и практично снимање
- Лесен, компактен и со извонредна вредност
- Снимајте исклучително широки слики со режимот на панорама
Одличен почеток за извонредни снимки
Удобен за носење и едноставен за користење, дигиталниот фото апарат Cyber-shot S3000 е идеален за да ве внесе во светот на неверојатни слики од Sony. Се одликува со интелигентни функции како откривање на лице, функција за насмевки и режим на панорама за одлични резултати без мака.
Почувствувајте ја целата слика
Отсега лесно ќе можете да снимате неверојатни широки фотографии на пејзажите или на видиците на градовите. Режимот на панорама нуди брзо снимање на група фотографии додека го движите апаратот од едната кон другата страна (или нагоре-надолу!). Сликите автоматски се спојуваат од страна на апаратот со што се добива една прекрасна панорамска снимка.

Едноставно снимање на прекрасни портрети
Снимајте прекрасни насмеани портрети од пријателите и семејството без напор. Подобрената функција за откривање на лице врши автоматско прилагодување на параметрите на фото апаратот за добивање на јасна слика со природен тон на кожата. Блендата со функција за насмевки врши автоматско снимање во моментот кога личноста ќе се насмевне.

Лесно добивање на подобри фотографии
Не сте сигурни како да ги изберете совршените поставувања за фото апаратот за да одговараат на одредена сцена? Не грижете се, отсега ќе добивате значителна помош. Интелигентниот автоматски режим (iAUTO) автоматски ги прилагодува експозицијата и другите параметри на фото апаратот за добивање на оптимални резултати кај широк избор на ситуации за фотографирање.

Мали и лесни за да ги понесете со себе
Вашата камера лесно ќе можете да ја сместите во џеб или торба. Благодарение на компактните димензии и малата тежина, вие секогаш ќе бидете подготвени да ги снимите посебните моменти, без разлика каде се наоѓате и што правите.

Преснимете го моментот на интернет
Преснимете ги посебните спомени на омилените веб-страници за споделување на интернет со само неколку кликнувања. PMB Portable, софтверот во камерата, ви овозможува избирање и пренесување фотографии и видео записи на кој било PC поврзан на интернет: Тоа е одлично доколку патување и имате малку време да наминете во најблиското интернет кафе.




