DSC-S2000
S2000 Дигитален компактен фото апарат
Компактен и едноставен за користење, со одличен квалитет на сликата
10.1 милиони точки, 3x оптички зум, LCD екран од 6.2см, бленда со функција за насмевки, SteadyShot
Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.
- Лесен, компактен и со извонредна вредност
- Голем LCD екран
- Едноставно и практично снимање
Одличен почеток за извонредни снимки
Овој модел е идеален за да ве внесе во неверојатниот свет на сликите од Sony. Компактен и практичен апарат со интелигентни функции како бленда со функција за насмевки и интелигентен автоматски режим за добивање на врвни резултати.

Преснимете го моментот на интернет
Преснимете ги посебните спомени на омилените веб-страници за споделување на интернет со само неколку кликнувања. PMB Portable, софтверот во камерата, ви овозможува избирање и пренесување фотографии и видео записи на кој било PC поврзан на интернет: Тоа е одлично доколку патување и имате малку време да наминете во најблиското интернет кафе.

Лесно добивање на подобри фотографии
Не сте сигурни како да ги изберете совршените поставувања за фото апаратот за да одговараат на одредена сцена? Не грижете се, отсега ќе добивате значителна помош. Интелигентниот автоматски режим (iAUTO) автоматски ги прилагодува експозицијата и другите параметри на фото апаратот за добивање на оптимални резултати кај широк избор на ситуации за фотографирање.

Едноставно снимање на прекрасни портрети
Отсега ќе можете лесно да снимате прекрасни насмеани портрети со пријателите и семејството. Подобрената функција за откривање на лице врши автоматско прилагодување на параметрите на фото апаратот за добивање на јасна слика со природен тон на кожата. Блендата со функција за насмевки врши автоматско снимање во моментот кога саканото лице ќе се насмевне.

Едноставно користење
Кој би сакал да се грижи околу копчињата, менијата и параметрите на фото апаратот обидувајќи се да сними важна фотографија? Големиот и јасен LCD екран ќе ви помогне при изборот на правилните параметри преку прегледните икони и едноставните менија. Добивањето на врвни резултати никогаш не било полесно – дури и ако сте почетник во светот на дигиталната фотографија.

Мали и лесни за да ги понесете со себе
Вашата камера лесно ќе можете да ја сместите во џеб или торба. Благодарение на компактните димензии и малата тежина, вие секогаш ќе бидете подготвени да ги снимите посебните моменти, без разлика каде се наоѓате и што правите.




