DSC-HX9V
HX9V Дигитален компактен фото апарат
Cyber-shot со високи перформанси, моќен зум, Full HD 50p и GPS
Exmor R™ со 16.2 милиони точки, 16x зум/24мм широк агол, Full HD 50p, 3D, LCD екран од 7,5см, режим на панорама, GPS
- Моќен 16x зум од широкоаголен до телефото
- Снимање на рамномерно Full HD 50p видео како од кино
- Снимајте неверојатни 3D слики и панорами
Вашиот моќен партнер при патувањата
Дигиталниот фото апарат Cyber-shot HX9V, кој изобилува со практични функции за подобар изглед на сликите и HD видео записите, е идеален партнер за вашите патувања со вграден GPS. Уживајте во снимање фотографии со врвни детали и високи перформанси, 3D и Full HD 50p видео како од кино.

Лесно добивање на подобри фотографии
Не сте сигурни како да ги изберете совршените поставувања за фото апаратот за да одговараат на одредена сцена? Не грижете се, отсега ќе добивате значителна помош. Врвниот автоматски режим ги прилагодува експозицијата и другите параметри на фото апаратот за добивање на оптимални резултати кај широк избор на ситуации за фотографирање.

Волшебни филмови
Ја заборавивте ли видео камерата? Еден допир е сè што е потребно за снимање на извонредно остри и детални видео записи. Сега со Cyber-shot можете да снимате со неверојатни 50 Full HD (1920x1080) слики во секунда за доловување на неверојатно рамномерни филмски движења.

Дознајте каде сте… И каде сте биле
Знаејќи каде се снимени вашите фотографии и видео записи придодава забавна димензија на секое патување. GPS уредот ја прикажува вашата позиција на екранот додека патувате. Кога ќе се вратите дома, погледнете ја рутата од вашите патувања на возбудливите интернет мапи на вашиот PC.

Додадете нова димензија со 3D
Откријте го неверојатниот свет на 3D слики. Фотографирајте 3D фотографии со едно притиснување на копче. Снимајте широки 3D слики со режимот на панорама кои може да ги гледате на 3D телевизор. Движењето во повеќе агли создава неверојатни слики во вид на 3D кои може да ги разгледувате со закосување на екранот на фото апаратот.

Врвни снимки, дури и при слаба светлина
Многу фото апарати имаат потешкотии да генерираат остри и јасни снимки при слаба осветленост. Револуционерниот Exmor R™ CMOS сензор ја зголемува чувствителноста и го намалува шумот на слика, овозможувајќи добивање на извонредни снимки со врвни детали.






