DSC-H70
H70 Дигитален компактен фото апарат
Компактен Cyber-shot со моќен зум и одличен квалитет на слика
16.1 милиони точки, 10x оптички зум/широк агол од 25мм, HD видео, LCD екран од 7,5см, режим на панорама и iAUTO
- Моќен зум со опсег од 10x од широкоаголен до телефото
- Снимајте HD видео записи со остри детали
- Снимајте исклучително широки слики со режимот на панорама
Поблиску до одлични слики
Компактниот и практичен дигитален фото апарат Cyber-shot H70 овозможува снимање на прекрасни фотографии со извонредни детали и HD видео. Моќен 10x зум и режим на панорама за проширување на можностите за фотографирање и iAUTO кој се грижи за прилагодување на поставувањата за одлични резултати без мака.

Почувствувајте ја целата слика
Отсега лесно ќе можете да снимате неверојатни пејзажи или градски сцени. Cyber-shot врши автоматско спојување на серија снимки со голема брзина кога го движите апаратот од едната кон другата страна (или нагоре-надолу!) за создавање на една прекрасна панорамска снимка.

Лесно добивање на подобри фотографии
Не сте сигурни како да ги изберете совршените поставувања за фото апаратот за да одговараат на одредена сцена? Не грижете се, отсега ќе добивате значителна помош. Интелигентниот автоматски режим (iAUTO) автоматски ги прилагодува експозицијата и другите параметри на фото апаратот за добивање на оптимални резултати кај широк избор на ситуации за фотографирање.

Внесете повеќе содржини во секоја сцена
Преубавите пејзажи, архитектонските снимки, ентериерите, па дури и семејните снимки можат да бидат неуспешни доколку рабовите на сцената се отсечени. Широкоаголниот објектив ќе ви овозможи повеќе да се внесете во снимката без потреба од оддалечување од објектот.

Пренесете го моментот на интернет
Вчитајте ги посебните спомени на омилените веб-страници за споделување со само неколку кликнувања. Софтверот PMB Portable во фото апаратот овозможува избирање и пренесување фотографии и видео записи на кој било PC поврзан на интернет. Тоа е одлично доколку патувате и сакате да наминете во практично интернет кафе.

HD видео снимки со вашиот Cyber-shot
Што е со посебните моменти за кои не е доволна само една фотографија за пренесување на приказната? Снимајте кратки 720p видео записи со звук и 30 слики во секунда - а потоа погледнете ги снимените содржини на вашиот компјутер.






