DSC-HX5V
HX5 Дигитален компактен фото апарат
Слики со многу висок квалитет, со моќен зум и интелигентен режим на панорама
Exmor R™ CMOS, 10x опт.зум/25мм широк агол, 1080i HD видео, LCD од 7,5см, GPS
Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.
- Моќен опсег на зумирање од 10x
- Висококвалитетни фотографии и 1080i HD видео
- Одредете ја рутата на вашите патувања со GPS
Сериозен избор за одлични слики
Богато опремен но сепак компактен и лесен за ракување, со напредни функции како GPS и интелигентен режим на панорама, кои внесуваат нова димензија кај вашата страст за врвни слики.
Волшебни филмови
Ја заборавивте видео камерата? Еден допир е сè што е потребно за да почнете со снимање извонредно остри и детални HD 1080i видео записи со вашиот Cyber-shot™ фото апарат. Квалитетот на сликата е извонредно јасен и рамномерен, додека ефикасната AVCHD видео компресија ги одржува фајловите помали за складирање и споделување на вашиот PC.
Поширок поглед кон светот
Исклучително широки пејзажи. Сцени исполнети со забава во кои никој нема да биде изоставен од сликите. Интелигентниот режим на панорама врши автоматско спојување на серија снимки, создавајќи единствена неверојатно широка слика со огромно видно поле. Сега со уште поголема интелигенција, тој дури ги израмнува сликите без проблем доколку има луѓе кои се движат на сцената.

Лесно добивање на подобри фотографии
Не сте сигурни како да ги изберете совршените поставувања за фото апаратот за да одговараат на одредена сцена? Не грижете се, отсега ќе добивате значителна помош. Интелигентниот автоматски режим (iAUTO) автоматски ги прилагодува експозицијата и другите параметри на фото апаратот за добивање на оптимални резултати кај широк избор на ситуации за фотографирање.

Врвни снимки, дури и при слаба светлина
Многу фото апарати имаат потешкотии да генерираат остри и јасни снимки при слаба осветленост. Револуционерниот Exmor R™ CMOS сензор ја зголемува чувствителноста и го намалува шумот на слика, овозможувајќи добивање на извонредни снимки со врвни детали.

Дознајте каде сте… И каде сте биле
Знаејќи каде се снимени вашите фотографии и видео записи придодава забавна димензија на секое патување. GPS уредот ја прикажува вашата позиција на екранот додека патувате. Кога ќе се вратите дома, погледнете ја рутата на вашите патувања на PC со слики и снимки прикажани на возбудливи интернет мапи. Компасот го покажува правецот во кој сте биле поставени при снимање на фотографијата.




