DSC-HX100V
HX100V Дигитален компактен фото апарат
Напреден Cyber-shot со извонреден зум, Full HD 50p и рачни контроли
Exmor R™ со 16.2 милиони точки, 30x зум/27мм широк агол, Full HD 50p, 3D, LCD екран од 7,5см, режим на панорама, GPS
- Опсег со извонредно моќен зум од 30x во компактно куќиште
- Снимање на рамномерно Full HD 50p видео како од кино
- Моќни рачни функции како кај DLSR
Врвно доживување со Cyber-shot
Предводникот на палетата Cyber-shot обезбедува исклучителен квалитет на слика, како и креативни функции како кај DSLR. Благодарение на опсегот со извонредно моќен зум, Full HD 50p видео, GPS и снимање на 3D, компактниот дигитален фото апарат HX100V ги задоволува фото ентузијастите со најголеми потреби.

Донесете ги случувањата уште поблиску
Од динамични спортски сцени до возбудливи снимки одблизу од дивината во далечина: исполнете го кадарот со неверојатно детални слики. Благодарение на моќниот 30x оптички зум ќе уживате во беспрекорни резултати при секакви поставувања, од широк агол до телефото.

Волшебни филмови
Ја заборавивте ли видео камерата? Еден допир е сè што е потребно за снимање на извонредно остри и детални видео записи. Сега со Cyber-shot можете да снимате со неверојатни 50 Full HD (1920x1080) слики во секунда за доловување на неверојатно рамномерни филмски движења.

Дознајте каде сте… И каде сте биле
Знаејќи каде се снимени вашите фотографии и видео записи придодава забавна димензија на секое патување. GPS уредот ја прикажува вашата позиција на екранот додека патувате. Кога ќе се вратите дома, погледнете ја рутата од вашите патувања на возбудливите интернет мапи на вашиот PC.

Додадете нова димензија со 3D
Откријте го неверојатниот свет на 3D слики. Фотографирајте 3D фотографии со едно притиснување на копче. Снимајте широки 3D слики со режимот на панорама кои може да ги гледате на 3D телевизор. Движењето во повеќе агли создава неверојатни слики во вид на 3D кои може да ги разгледувате со закосување на екранот на фото апаратот.

Врвни снимки, дури и при слаба светлина
Многу фото апарати имаат потешкотии да генерираат остри и јасни снимки при слаба осветленост. Револуционерниот Exmor R™ CMOS сензор ја зголемува чувствителноста и го намалува шумот на слика, овозможувајќи добивање на извонредни снимки со врвни детали.






