ПРЕТХОДЕН МОДЕЛ Модел: 

DSC-HX1

HX1 Дигитален компактен фото апарат

Висококвалитетна слика со професионални функции за фотографирање

9.1 милиони точки со Exmor™ CMOS сензор, 20x G објектив и 10 fps

Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.

  • Висококвалитетни слики при слаба осветленост
  • Извонредно брз одзив при снимањето
  • Креирајте неверојатни панорамски слики

Награди и написи

Прочитајте повеќе

Напредни функции, неверојатен одзив

Зачекорете во еден нов свет на слика со извонреден квалитет и професионални функции. Одликувајќи се со бројни напредни функции, ова е првиот фото апарат на светот со режим на панорама, ултра брзо снимање од 10fps и снимање на HD видео.

 

Почувствувајте ја целата слика

Отсега лесно ќе можете да снимате неверојатни широки фотографии на пејзажите или на видиците на градовите. Режимот на панорама нуди брзо снимање на група фотографии додека го движите апаратот од едната кон другата страна (или нагоре-надолу!). Сликите автоматски се спојуваат од страна на апаратот со што се добива една прекрасна панорамска снимка.

Дознајте повеќе за режимот на панорама

Приближете се до вашиот објект

Објектив со висококвалитетен оптички зум ќе ви овозможи да се приближите со вашиот објект и да го исполните кадарот. За разлика од дигиталниот зум, квалитетот на сликата ќе се задржи при секаква поставеност – дури и при огромно зголемување.

Внесете повеќе содржини во секоја сцена

Преубавите пејзажи, архитектонските снимки, ентериерите, па дури и семејните снимки можат да бидат неуспешни доколку рабовите на сцената се отсечени. Широкоаголниот објектив ќе ви овозможи повеќе да се внесете во снимката без потреба од оддалечување од објектот.

Фото апарат кој би сакал да стане камера

Ја заборавивте видео камерата? Не грижете се: отсега ќе можете да снимате јасни и остри HD видео записи со неверојатна стапка од 30 слики во секунда за извонредно рамномерни динамични сцени. Погледнете ги резултатите на вашиот BRAVIA телевизор: ќе бидете воодушевени од квалитетот, деталите и прекрасните бои.

"Замрзнете" ги подвижните сцени

Навистина е прекрасно да се сними секој момент кај голф ударите или летот на птиците. Фотографирањето со голема брзина нуди снимање на континуирана група слики со полна резолуција. Со брзина поголема од многу професионални дигитални SLR фото апарати, ова е одличен начин за снимање на брзите движења без жртвување на деталите.

Повеќе информации за DSC-HX1

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста