Модел: 

DSC-H55

H55 Дигитален компактен фото апарат

Слики со многу висок квалитет, со моќен зум и режим на панорама

14,1 милиони точки, 10x опт.зум/широк агол од 25мм, HD видео, LCD од 7,5см/3 инчи, режим на панорама

  • Моќен опсег на зумирање од 10x
  • Висококвалитетни фотографии и HD видео
  • Снимање на исклучително широки панорами
Достапен на:

ОсобиниDSC-H55

  • 10x оптички зум/широк агол од 25мм - Висококвалитетен објектив од Sony со широк агол од 25мм за групни снимки/пејзажи и моќен зум за приближување на оддалечените објекти
  • Режим на панорама - Едноставно притиснете го копчето за бленда и движете го апаратот: ќе се изврши автоматско комбинирање на серија снимки за креирање на исклучително широки панорамски слики
  • 720p HD видео - Снимање на остра и детална HD слика плус стерео звук, со стапка од 30 слики во секунда: можно е гледање на HD телевизор
  • Резолуција од 14.1 ефективни милони точки - Снимајте слики со многу висок квалитет, овозможувајќи ви зголемување со врвни детали
  • BIONZ процесор - Моќната обработка на слика обезбедува јасни детални слики со мал шум и фотографирање со брз одзив
  • 7.5см/3" Clear Photo LCD екран - LCD екранот со врвен квалитет (резолуција со 230k точки) нуди одлични детали, висок контраст и широк агол на гледање
  • Режим на автопортрети - Се одредува точната композиција при држење на фото апаратот со испружена рака, со автоматско активирање на блендата за автопортрети со прекрасен кадар
  • Двојнa технологија против замаглување - Опт. SteadyShot (акт.режим) и висока чувствителност ISO 3200, Clear RAW намалување на шум за квалитетни слики со помала заматеност кај рачното снимање, дури при слаба светлина
  • Интелигентен автоматски режим - Автоматско прилагодување на експозицијата и другите параметри за добивање на оптимални резултати кај широк избор на ситуации за фотографирање
  • Откривање на лице - Автоматско прилагодување на фокусот, експозицијата и балансот на белата боја за појасни портрети: можност за поставување приоритет за снимање на деца или возрасни
  • Бленда со функција за насмевка - Автоматско активирање кога некое лице ќе се насмевне: со прилагодување на прагот на насмевка и избор на приоритет за деца/возрасни
  • Оптимизатор на D-опсег - Прилагодување на експозицијата и контрастот за добивање на природни резултати во сцени со силен контраст и портрети со задно осветлување
  • HD излез - Прикажување на видео и фотографии на HD телевизор (потребен е дополнителен кабел). PhotoTV HD за подобрен приказ на фотографии на компатибилен BRAVIA® телевизор
  • HD слајд шоу со музика - Забавно прикажување на снимките со ефекти и музика на LCD или поврзан HD телевизор
  • Rежим за едноставно снимање - Практично ракување за почетниците со поедноставени команди и лесно читливи упатства на екранот
  • PMB Portable - Вградениот софтвер за префрлување овозможува брзо и едноставно вчитување на веб-сајтови за споделување слики кога фото апаратот е поврзан на кој било PC со пристап до интернет
  • Ретуширање на фото апаратот - Забавните функции за ретуширање на сликите во фото апаратот вклучуваат отсекување, корекција на црвените очи и маска за заматување

Ве молиме имајте во предвид дека нашата галантерија е специфична за секој модел и спецификациите може да бидат различни во зависност од земјата.

Намали сèDSC-H55

Повеќе информации за DSC-H55

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други Sony сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста