DSC-H55
H55 Дигитален компактен фото апарат
Слики со многу висок квалитет, со моќен зум и режим на панорама
14,1 милиони точки, 10x опт.зум/широк агол од 25мм, HD видео, LCD од 7,5см/3 инчи, режим на панорама
- Моќен опсег на зумирање од 10x
- Висококвалитетни фотографии и HD видео
- Снимање на исклучително широки панорами
Сериозен избор за одлични слики
Богато опремен, а сепак компактен и лесен за ракување, со напредни функции како режим на панорама кој внесува нова димензија кај вашата страст за врвни слики.
Фото апарат кој би сакал да стане камера
Ја заборавивте видео камерата? Не грижете се: отсега ќе можете да снимате јасни и остри HD видео записи со неверојатна стапка од 30 слики во секунда за извонредно рамномерни динамични сцени. Погледнете ги резултатите на вашиот BRAVIA телевизор: ќе бидете воодушевени од квалитетот, деталите и прекрасните бои.
Почувствувајте ја целата слика
Отсега лесно ќе можете да снимате неверојатни широки фотографии на пејзажите или на видиците на градовите. Режимот на панорама нуди брзо снимање на група фотографии додека го движите апаратот од едната кон другата страна (или нагоре-надолу!). Сликите автоматски се спојуваат од страна на апаратот со што се добива една прекрасна панорамска снимка.
Заборавете на тресењето на фото апаратот
Заматеноста на сликата која е предизвикана од тресењето на рацете е едeн од најчестите проблеми при снимањето без статив. Оптичкиот SteadyShot активен режим за стабилизација на сликата ги намалува ефектите од тресењето на апаратот за добивање на стабилни фотографии и видео записи, дури и кога снимате и пешачите.
Преснимете го моментот на интернет
Преснимете ги посебните спомени на омилените веб-страници за споделување на интернет со само неколку кликнувања. PMB Portable, софтверот во камерата, ви овозможува избирање и пренесување фотографии и видео записи на кој било PC поврзан на интернет: Тоа е одлично доколку патување и имате малку време да наминете во најблиското интернет кафе.
Лесно добивање на подобри фотографии
Не сте сигурни како да ги изберете совршените поставувања за фото апаратот за да одговараат на одредена сцена? Не грижете се, отсега ќе добивате значителна помош. Интелигентниот автоматски режим (iAUTO) автоматски ги прилагодува експозицијата и другите параметри на фото апаратот за добивање на оптимални резултати кај широк избор на ситуации за фотографирање.




