Модел: 

NEX-7

NEX-7 Дигитален фото апарат со заменливи објективи

Професионален квалитет во вашиот џеб со заменливи објективи

24,3 милиони точки, Full HD AVCHD, 25/50p, OLED Tru-Finder, 10fps, 7,5cm LCD, вграден блиц. Само тело.

  • Слики со DSLR квалитет со 24,3 ефективни милиони точки
  • Привлечен стил со лесно магнезиумско куќиште
  • Full HD видео снимки со автоматски фокус со следење и рачна контрола

Награди и написи

Прегледај сè

Иконски стил, професионален квалитет

Следете ја вашата креативна страст каде и да ве одведе. Снимајте неверојатни слики со разновидноста на заменливите објективи – сето ова без големината и тежината на DSLR. Не вршете компромиси со извонредно посакуваниот стил и сериозните фотографски функции.

 

Исклучителен квалитет на слика

Exmor™ APS HD CMOS сензорот со 24,3 милиони точки и извонредно висока резолуција нуди феноменални перформанси на сликата: исто како и DSLR фото апаратот, но без неговата големина и тежина. Разликата ќе биде забележлива со сликите со богати детали и мал шум, дури и при слаба светлина.

Неверојатни HD филмови

Снимајте рамномерни и детални Full HD видео снимки со брзиот автоматски фокус кој го следи дејството - дури и кога зумирате. Прекрасните дефокусирачки ефекти во позадина додаваат дополнителна димензија во креативното снимање на филмови.

Прецизен електронски визир

Обликувајте го кадарот и снимете го - дури и при силна сончева светлина - држејќи го визирот на фото апаратот близу до вашето око. Tru-Finder™ овозможува извонредно јасен приказ на сцената со висок контраст. Тој е одличен за удобно снимање на фотографии и HD видео снимки.

Моќна креативна контрола

Правете брзи и интуитивни прилагодувања на експозицијата, режимот на фокусирање и другите поставувања. Новиот Tri-Navi интерфејс ви нуди целосна креативна контрола со две големи механички вртливи копчиња

Изберете совршен објектив

Зошто да ја ограничувате вашата уметничка визија? Изберете од палетата на компактни објективи со E-приклучок - од извонредно тенки широкоаголни до објективи со моќно телефото зумирање. Или, пак, додадете изборен адаптер за монтирање и уживајте во бесконечните можности на вашата колекција на објективи со A-приклучок.

Повеќе информации за NEX-7

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста