Модел: 

NEX-5NY

NEX-5N Дигитален фото апарат со заменливи објективи

Компактен и едноставен за користење, со DSLR квалитет и заменливи објективи

16,1 милиони точки, Full HD AVCHD, 25/50p, 10fps, 7,5cm LCD екран на допир. Со објективи од 18-55mm и 55-210mm.

  • Мал и лесен со DSLR квалитет на слика
  • Едноставно ракување со помош на екранот на допир и копчињата
  • Снимајте рамномерни Full HD видео записи со стерео звук
Достапен на:

Награди и написи

Прегледај сè

DSLR квалитет кој ќе може да патува со вас

Уживајте во сликата со DSLR квалитет и погодноста на заменливите објективи, со помала тежина за носење. Лесен и компактен, со практичен екран на допир и моќни функции како Full HD видео, 3D режим на панорама и ефекти на слика.

 

Исклучителен квалитет на слика

Exmor™ APS HD CMOS сензорот со неверојатно висока резолуција нуди феноменални перформанси на сликата: исто како и DSLR фото апаратот, но без неговата големина и тежина. Разликата ќе биде забележлива со сликите со богати детали и мал шум, дури и при слаба светлина.

Неверојатни HD филмови

Снимајте рамномерни и детални Full HD видео снимки со брзиот автоматски фокус кој го следи дејството - дури и кога зумирате. Прекрасните дефокусирачки ефекти во позадина додаваат дополнителна димензија во креативното снимање на филмови.

Доволно мал за да го носите насекаде

Уживајте во DSLR квалитет на слика и неверојатно брз одзив сместени во лесен, извонредно компактен фото апарат. Куќиштето со сензационален стил лесно се сместува во џебот од палтото или торбата за секојдневни патувања, викенди или одмори.

Навистина едноставни за користење

Не плашете се од сложените копчиња и менија. Екранот на допир со новиот и практичен интерфејс Photo Creativity овозможува прилагодување на поставувањата на фото апаратот - па дури и создавање на возбудливи ефекти на слики без потреба од PC.

Изберете совршен објектив

Зошто да ја ограничувате вашата уметничка визија? Изберете од палетата на компактни објективи со E-приклучок - од извонредно тенки широкоаголни до објективи со моќно телефото зумирање. Или, пак, додадете изборен адаптер за монтирање и уживајте во бесконечните можности на вашата колекција на објективи со A-приклучок.

Повеќе информации за NEX-5NY

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста