NEX-C3K
NEX-C3 Дигитален фото апарат со заменливи објективи
Компактен и едноставен за користење со DSLR квалитет: со објектив за зумирање за секојдневна употреба
Со стандарден објектив за зумирање од 18-55мм: 16,2 милиони точки, HD видео, LCD екран од 7,5см, 5,5fps, 3D режим на панорама
- Мал и лесен со DSLR квалитет на слика
- Едноставно ракување со огромна креативна контрола
- Објективот за зумирање покрива широк опсег на секојдневни ситуации
DSLR квалитет кој ве следи насекаде
Снимање неверојатни слики со DSLR квалитет на слика, како и практичност со заменливи објективи – сето ова без големината и тежината на DSLR. Компактни апарати со прекрасен стил кои се едноставни за користење, со неверојатни функции како 3D режим на панорама и снимање на HD видео.

Исклучителен квалитет на слика
Сè зависи од сензорот. Неверојатно големиот Exmor™ APS HD CMOS сензор обезбедува квалитет на слика со DSLR изглед... но без големината и тежината на DSLR фото апарат. Ќе ја забележите разликата со сликите со богати детали и мал шум, дури и при слаба осветленост.

Неверојатни HD филмови
Снимајте рамномерни и детални HD видео снимки со брзиот автоматски фокус кој го следи дејството - дури и кога зумирате. Прекрасните дефокусирачки ефекти во позадина додаваат дополнителна димензија во креативното снимање на филмови.

Доволно мал за да го носите насекаде
Уживајте во DSLR квалитет на слика и неверојатно брз одзив сместени во лесен, извонредно компактен фото апарат. Куќиштето со сензационален стил лесно се сместува во џебот од палтото или торбата за секојдневни патувања, викенди или одмори.

Изберете совршен објектив
Изберете од палетата на компактни објективи со E-приклучок и прекрасен стил - од извонредно тенки широкоаголни до објективи со моќно телефото зумирање. Или, пак, додадете изборен адаптер за монтирање и уживајте во бесконечните можности на вашата колекција на објективи со A-приклучок.

Навистина едноставни за користење
Не плашете се од сложените копчиња и менија. Новиот и практичен интерфејс Photo Creativity и контролното вртливо копче овозможуваат прилагодување на поставувањата на фото апаратот - па дури и создавање на возбудливи ефекти на слики без потреба од PC.




