DSLR-A380
A380 Дигитален SLR фото апарат
Слика со исклучително висок квалитет и снимање со прегледување во живо и брз одзив
14.2 милиони точки со Quick AF Live View, 2.7" LCD екран и SteadyShot INSIDE. Само тело.
Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.
- Слики со исклучително висока резолуција и низок шум
- Снимање со прегледување во живо со одличен одзив од кој било агол
- Лесен, стилски и практичен за носење
- Моќни креативни функции за поедноставно користење
Врвен квалитет, слобода и едноставност при снимањето
Исклучително висок квалитет на слика и креативна флексибилност за полесно користење. Уживајте во деталните слики со ултра висока резолуција и спонтаноста на слободното снимање со прегледување во живо за неверојатни резултати од секој агол.

Прекрасни снимки од секаков агол
LCD екранот може да се заврти нагоре или надолу за комфорен преглед при фотографирање во различни позиции. Ова е особено корисно ако не го држите фото апаратот блиску до вашето око: на пример кога снимате одгоре кога сте во публика или кога клекнувате за да добиете интересен поглед.

Брзо снимање со извонредна фокусираност
Не дозволувајте вашиот дигитален SLR фото апарат да ве забави. Ексклузивно за Sony, Quick AF Live View ви овозможува преглед на сликата во живо без притоа да го жртвувате брзото и прецизно автоматско фокусирање или брзото континуирано снимање.

Квалитет, но и мала тежина
Кој би сакал со себе да носи многу тешки DSLR фото апарати? Мали, лесни и комфорни за држење, нашите апарати со својата тежина нема да ве заморуваат во деновите кога сте излезени, викендите или подолгите патувања. Сега веќе нема причина да го оставите фото апаратот во вашиот дом.
Врвни резултати на едноставен начин
Никогаш досега не сте користеле DSLR фото апарат? Не грижете се - отсега ќе добиете значителна помош. На самиот екран е достапен водич за помош, а тука е и изборот на режими за избор на сцена, за прилагодување кон секакви објекти. Ќе добиете извонредни резултати без да мора да се грижите за сложените параметри.

Контрола на содржините и врвен комфор
Поврзете го фото апаратот на вашиот BRAVIA телевизор - потоа едноставно контролирајте ги функциите за репродукција преку далечинскиот управувач од BRAVIA телевизорот. Така веќе нема да има потреба да станувате од вашето место додека уживате во прекрасните HD содржини.




