- НА ПОЧЕТОК
- > Сите Sony производи
- > Фото апарати и видео камери
- > DSLR & SLT Cameras
- > Почетник
- > Тело
- > DSLR-A330
DSLR-A330
A330 Дигитален SLR фото апарат
Слика со исклучително висок квалитет и снимање со прегледување во живо и брз одзив
10.2 милиони точки со Quick AF Live View, 2.7" LCD екран и SteadyShot INSIDE. Само тело.
- Изострени, јасни и детални слики
- Снимање со прегледување во живо со одличен одзив од кој било агол
- Лесен, стилски и практичен за носење
- Намалено тресење на апаратот за појасно рачно фотографирање
Висок квалитет, слобода и едноставност при снимањето
Фотографирајте од кој било агол со креативноста на слободното фотографирање. Компактен, лесен и практичен со беспрекорен квалитет на сликата: сето ова придонесува за поголема достапност на дигиталното SLR фотографирање.

Прекрасни снимки од секаков агол
LCD екранот може да се заврти нагоре или надолу за комфорен преглед при фотографирање во различни позиции. Ова е особено корисно ако не го држите фото апаратот блиску до вашето око: на пример кога снимате одгоре кога сте во публика или кога клекнувате за да добиете интересен поглед.

Брзо снимање со извонредна фокусираност
Не дозволувајте вашиот дигитален SLR фото апарат да ве забави. Ексклузивно за Sony, Quick AF Live View ви овозможува преглед на сликата во живо без притоа да го жртвувате брзото и прецизно автоматско фокусирање или брзото континуирано снимање.

Квалитет, но и мала тежина
Кој би сакал со себе да носи многу тешки DSLR фото апарати? Мали, лесни и комфорни за држење, нашите апарати со својата тежина нема да ве заморуваат во деновите кога сте излезени, викендите или подолгите патувања. Сега веќе нема причина да го оставите фото апаратот во вашиот дом.
Врвни резултати на едноставен начин
Никогаш досега не сте користеле DSLR фото апарат? Не грижете се - отсега ќе добиете значителна помош. На самиот екран е достапен водич за помош, а тука е и изборот на режими за избор на сцена, за прилагодување кон секакви објекти. Ќе добиете извонредни резултати без да мора да се грижите за сложените параметри.

Контрола на содржините и врвен комфор
Поврзете го фото апаратот на вашиот BRAVIA телевизор - потоа едноставно контролирајте ги функциите за репродукција преку далечинскиот управувач од BRAVIA телевизорот. Така веќе нема да има потреба да станувате од вашето место додека уживате во прекрасните HD содржини.




