Модел: 

VCT-MP1

VCT-MP1 Статив со повеќе ногарки

Разновидна поддршка за снимање со Handycam® или α SLT/DSLR/NEX фото апарат

  • Четири начини за стабилно држење на фото апарат/видео камера
  • Идеални за сите видео камери и фото апарати со завртки со навој
  • Вклучуваат едноножен статив, мини статив и ексклузивна торба за носење
 

Разновидна поддршка која ве следи

Стативот со повеќе ногарки нуди пренослива, флексибилна 4-насочна поддршка, секаде каде што ќе ви биде потребна. Тој претставува идеален партнер за патувања, без разлика дали фотографирате спорт, сцени од природата, надворешни сцени, концерти или изведби во живо.

Прилагодлив едноножен статив

Снимајте постабилен и попрофесионален видео материјал и фотографии со помош на лесниот едноножен статив со прилагодлива висина. Одликувајќи се со помала тежина за носење, тој е одличен за спорт и други ситуации за активно фотографирање за кои е потребна максимална подвижност.

Обидете се со висока перспектива

Прилагодливиот едноножен статив се издолжува до 1,5м. Користете го со испорачаното куќиште за поддршка на стативот со повеќе ногарки и добијте возбудлива перспектива од висок агол кога фотографирате во толпа народ

Стабилен материјал со помала тежина за носење

За добивање на стабилност без користење на рацете, едноножниот статив може да се комбинира со испорачаниот мини статив за стативот со повеќе ногарки. Тој е идеален за одржување на стабилноста кај Handycam® без потреба од носење на масивен и тежок наменски статив.

Стабилни снимки одблиску снимени од маса

Мини стативот претставува одлично решение за снимање на макро фотографии. Поставете го на земја или на маса и одржувајте го вашиот фото апарат стабилен за да добиете прекрасни снимки одблиску од мали објекти.

Повеќе информации за VCT-MP1

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста