Модел: 

CLM-V55

V55 LCD монитор

LCD мониторот на прикачување се поставува на фото апаратот за висококвалитетно гледање

  • LCD мониторот се прикачува на DSLR или врвни Handycam® камери
  • Голем приказ со висока резолуција додека снимате видео
  • Прилагодување на аголот за удобно гледање
 

Погледнете ја големата слика

Уживајте во голем, осветлен и детален приказ од вашите видео записи - на ист начин како и професионалните емитувачи. Големиот LCD монитор ви помага да ги прегледате композициите и прецизно да фокусирате, без разлика дали снимате HD видео или фотографии во режим на прегледување во живо.

Компатибилни со вашиот фото апарат

Со тежина од само 250 гр., тенкиот и лесен монитор директно се прикачува на приклучокот за галантерија на вашиот фото апарат α. Се испорачува со адаптер кој го олеснува монтирањето на речиси секој приклучок за галантерија кај останатите DSLR фото апарати.

Професионални функции

Добијте почисти и посјајни резултати со вашиот фото апарат или HD видео камера. Режимот за зголемување на точки прикажува зголемен дел од сликата за да овозможи прецизно потврдување на рачниот фокус. Изострувањето на бои ги истакнува рабовите на површините со остар фокус на видео сликата.

Слушнете ги сите детали

Проверувањето на звукот на вашите видео записи по снимањето може да биде подеднакво важно со квалитетот на сликата. Вградениот звучник во мониторот Ви овозможува остро и јасно да го слушнете секој звук за време на репродукцијата.

Удобно прегледување од секој агол

За создавање на креативни композиции, фото апаратот или видео камерата најчесто треба да се држат многу високо, многу ниско или под необичен агол. Мониторот може да се закосува и врти за добивање на јасен и удобен приказ од секоја положба - дури и кога сте свртени кон фото апаратот и сами се сликате.

Повеќе информации за CLM-V55

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста